Митева: Над 900.000 евра тендери за агенцијата Рејтинг на Спасов, сега за стара цена СДС добиваат нови услуги

July 21, 2024
1 min read

Спасов кој преку Рејтинг од СДС извади 1 милион евра тендери, и фотоцентрала за струја, сега ќе ги дозакопа во опозиција, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо грижа за сопствената катастрофа, СДС со наталожени лаги и измислици сакаат да ги манипулираат граѓаните преку скапо платениот ПР. Додека ја уништуваа државата, на агенцијата Рејтинг, во сопственост на Никола Спасов во периодот додека СДС беше власт оваа агенција има добиено тендери во вкупна вредност од над 900.000 евра. Имено, Во 2020-та, година од Град Скопје, Рејтинг на Спасов добила над 16.000 евра, но исто така и 4.500 евра од Општина Карпош. Во 2021-ва од Општина Охрид, добил 15.000 евра, сите тендери во период кога градоначалници се од редовите на СДС. Истата година, Рејтинг на Спасов добила 60.000 евра од Министерството за здравство, предводено од неговиот сегашен шеф, Венко Филипче. Понатаму, во истата година, во месец август Спасов, од Владата добил тендер вреден цели 300 илјади евра. Во 2022-рата година пак исто од Владата добил над 420.000 евра, за промоција на македонското вино во Белград. Истата година во декември, Спасов добил тендер од 50 илјади евра од Министерството за финансии и уште еден од 100.000 од Министерството за надворешни работи. – изјави  ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ердоган: Израел мора да се соочи со строга казна за да се одвратат другите од таква суровост

Следно

Јанис Варуфакис: Трите митови кои го прогонуваат Западoт

Latest from Blog

Петрушевски: Додека Апасиев го плаќаа од СЈО, ги величеше. Кога чешмата секна, почна да ги плука.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, преку објава на социјалните мрежи остро реагираше на мемето што го објави лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, обвинувајќи го за популизам, лицемерие и злоупотреба на

Коњановски со битолските ловци на традиционална ловечка забава

На покана на Здружението за ловци „СОКОЛ“ – Битола, под мотото „ЗАЕДНО ЗА ТРАДИЦИЈА“, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на ловечката забава организирана од здружението. Настанот помина во духот на

Трамп и конфликтот со Европа: ЗАД СЕ СТОИ ТАЈНИОТ АРХИТЕКТ НА НОВАТА АМЕРИКАНСКА ПОЛИТИКА

Веројатно никогаш не сте слушнале за Енди Бејкер. Но, тој е водечкиот интелектуалец во Советот за национална безбедност (НСЦ) чии потези би можеле да ја одредат иднината на надворешната политика на Републиканската

Ковачки: Го поседувам највисокиот национален безбедносен сертификат државна тајна, како и највисокиот НАТО сертификат

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен пратеник во македонското Собрание, Драган Ковачки, вечерва гостуваше во Тема на денот на Сител телевизија при што одговори на лиферуваните лаги и манипулации со клевети
Go toTop