Митева: Една официјална сметка за донации – Владата ќе соработува со Црвен крст

March 17, 2025
1 min read

Овие денови се собираме под многу тешки околности. Оваа трагедијата во Кочани длабоко не потресе сите нас и пред сè сакам да изразам најдлабоко сочувство до семејствата кои ги загубија најблиските. Нашите мисли се и со оние кои на кој било начин беа повредени или погодени од овој страшен настан. Како влада, но уште поважно, како луѓе, стоиме со нив во овој болен момент, посочи портпаролката на Владата, Марија Митева.

-Од самиот почеток, наш приоритет беше да обезбедиме брза и координирана помош. Како Влада работиме посветено за да обезбедиме преземање на сите неопходни мерки – и во смисла на итен одговор и долгорочна поддршка за погодените. Во моменти како овие, општеството мора да дејствува како едно. Затоа како Влада донесовме јасна одлука: ќе соработуваме со Црвениот крст на Скопје за управување со официјалната сметка за донации, рече таа.

Објасни дека оваа одлука е донесена од неколку причини.

-Унифицирана поддршка. Имајќи единствена, официјална сметка за донации, ги елиминираме сите дилеми за тоа каде и како да донираме. Ова осигурува дека секој придонес оди токму онаму каде што е најпотребно. Спречување на злоупотреба и конфузија. За жал, во тешки времиња, дезинформациите може да се шират и сакаме да спречиме каква било несигурност околу каналите за донации. Доверба и транспарентност. Црвениот крст веќе има досие за управување со ваква помош, рече таа.

Митева истакна дека во вакви времиња Владата има две цели: прво, силна борба и одговорност за секој еден кој на каков било начин е одговорен, и второ човештвото мора да се издигне над сè друго.

-На жртвите и нивните семејства им е потребна бескомпромисна правда за која неуморно работиме, но и нашата колективна сила, реле таа.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО Граѓаните фрлаа камења и го превртија возилото на сопственикот на „Пулс“

Следно

По девет години жител на сириски Алепо се враќа во својот роден крај, затекнувајќи го уништен до темел

Latest from Blog

Премиерот замина на одмор

Премиерот, Христијан Мицкоски, замина на најавуваната екскурзија во Белгија, за која самиот рече дека ќе ја помине со четири дена престој во Бриж и четири во Брисел. Но од Владата за Телма

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе
Go toTop