МИТ го неутрализираше терористот на ПКК кој планирал напади врз турски воени единици во Сирија

December 29, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Турската разузнавачка служба (МИТ) успешно го неутрализираше Омер Абдула ал Дахам, едно од одговорните лица на терористичката организација ПКК/ЈПГ, кој планирал напади врз воени единици во Сирија, јавува Анадолу.

Според информациите од безбедносни извори, во планирањето на терористички напад на Туркије учествувал и терорист со кодно име „Абу Дахам“, кој е одговорен за терористичката организација ПКК/ЈПГ во градот Табка во Сирија.

Ал Дахам, за кој беше утврдено дека дејствувал на таканаречено одговорно ниво во организациски тим кој спроведувал терористички акции против базите на Турските вооружени сили во оперативните области на „Штитот на Еуфрат“ и „Извор на мирот“ од 2017 година, бил следен од страна на специјалните единици на МИТ.

Терористот Ал Дахам е неутрализиран во операција во регионот Табка во Сирија.

ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички организации во Туркије, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). За време на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На патниот правец А1 во тунелот кај Катланово, сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лената

Следно

Нови 22 коли за итната медицинска помош и вработувања, најавува министерот за здравство Меџити

Latest from Blog

Николоски: Почна историска надградба на аеродромот во Охрид

Денес започна сериозна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, што е прво вакво големо интервенцирање од неговата изградба. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека со

Клучното пристаниште на Путин гори (ВИДЕО)

Украинскиот напад повторно предизвика пожар во руското пристаниште Уст Луга на Балтичкото Море, објави регионалниот гувернер на Ленинградската област, Александар Дрозденко, во неделата на Телеграм. Руските сили соборија 36 дронови во регионот,
Go toTop