Мистер Бин во врска со порно ѕвезда?- таа со одговор: Излегувам со будала… (ФОТО)

January 26, 2026
1 min read

Ова е чиста дезинформација и мамка за кликови, без потврда од релевантни или веродостојни извори.

Приказната првпат се појави на 15 јануари 2026 година, на Фејсбук страницата „Keeping it Stuggy“, каде што беше објавена објава со фотомонтажа, во која се тврди дека „Мистер Бин конечно го пронајде својот избраник“ и дека Аткинсон и Калифа наводно се во тајна врска од летото.

Описот на објавата отиде чекор понатаму, претставувајќи ја оваа измислена романса како „неочекуван пресврт во 2026 година“, наведувајќи дека врската започнала далеку од очите на јавноста.

Сепак, брзо следеше демант – и директно од Миа Калифа.

Имено, Миа Калифа објави на својот потврден X (поранешен Твитер) профил на 19 јануари 2026 година, каде што иронично рече:

– Луѓе, излегувам со будала, но тоа не е Мистер Бин.

По понатамошна истрага, пребарување на релевантните термини „Миа Калифа“ и „Мистер Бин“ или „Роуан Аткинсон“, не се појавуваат сигурни медиумски извештаи што би ја потврдиле наводната врска.

Напротив, резултатите водат исклучиво до копии од истата лажна објава и текстови што ја разоткриваат како измама, вклучувајќи странски портали специјализирани за проверка на факти.

Она што е особено проблематично е што една од фотографиите што се користат во виралната објава е всушност изменета верзија на слика генерирана од вештачка интелигенција.

Оригиналната слика е објавена на 25 декември 2025 година, на Инстаграм профилот „theafro.ia“, кој отворено наведува дека се занимава со креирање содржина со помош на вештачка интелигенција.

Заклучокот е јасен – Роуан Аткинсон и порно ѕврздата Миа Калифа не се во врска, а приказната што кружи на социјалните медиуми е уште еден пример за тоа како лажните цитати, фотографиите од вештачка интелигенција и сензационалните наслови се користат за креирање вирална, но целосно неточна содржина.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Без заштита се искачи на еден од највисоките згради во светот и постави рекорд (ВИДЕО)

Следно

Муцунски: Делегацијата во Давос беше насочена кон активна комуникација со компаниите кои би помогнале за развивање на домашната економија

Latest from Blog

Ватикан бара од Трамп итно запирање на воените дејствија во Иран

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, денеска упати необично директен и остар повик до американскиот претседател Доналд Трамп за што побрзо завршување на војната во Иран, истовремено барајќи од Израел да

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што претседателката истакна

Херојот од Кочани доби спомен-обележје: во кобната ноќ возеше повредени, почина наредниот ден

Во чест на Илчо Гоцевски, возачот на Итната медицинска помош кој превезуваше повредени во огромниот пожар во Пулс во Кочани, денеска беше откриено спомен-обележје. Тој почина по исцрпувачката работа, на 17 март
Go toTop