Мировните сили на ОН повикуваат на смиреност додека Израел ги напаѓа Либан и Газа

April 7, 2023
1 min read

ЊУЈОРК (АА) – Мировните сили на ОН во Либан предупредија на „сериозна ескалација“ додека Израел утринава започна воздушни напади во Либан и Појасот Газа, пренесува Анадолу.

„Акциите во изминатиот ден беа опасни и ризикуваат сериозна ескалација. Ги повикуваме сите страни сега да престанат со сите акции преку Сината линија“, се вели во соопштението на привремените сили на Обединетите нации во Либан (УНИФИЛ).

Шефот на мисијата на УНИФИЛ и командант на силите генерал-мајор Аролдо Лазаро разговара со властите од двете страни на Сината линија, се вели во соопштението.

„Двете страни рекоа дека не сакаат војна“, се додава во соопштението

Израелската војска изврши воздушни напади во Либан неколку часа откако утринава го нападна Појасот Газа.

Во соопштението се вели дека нападнале цели на палестинската група на отпорот Хамас во Јужен Либан.

Израелската армија соопшти дека нема да дозволи Хамас „да дејствува однатре во Либан“ и „ја смета државата Либан одговорна за секој насочен оган што излегува од нејзината територија“.

Погоди два тунела во Беит Ханун и Кан Јунис и две фабрики за оружје во Газа како одговор на „прекршувањата на безбедноста на Хамас“.

Како одговор на израелските воздушни напади во Газа, Хазем Касем, портпарол на Хамас, рече дека Израел „сноси целосна одговорност“ за ескалацијата и агресијата врз Кудс и Газа.

Групата лансираше ракети од Појасот Газа кон Израел по најновите напади.

Израелската армија објави и предупредување на Твитер во кое се вели дека сирените се огласуваат во Јужен Израел.

Сирени беа активирани и во градот Ашкелон откако беа истрелани ракети од Појасот Газа.

Ова се случи откако израелските сили упаднаа во молитвената сала „Ал Кибли“ во комплексот на џамијата „Ал Акса“ во окупираниот Источен Кудс (Ерусалим) и насилно ги оддалечија палестинските верници две ноќи по ред.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ФОТОВЕСТ) Сообраќајна незгода предизвика хаос на мостот „Гоце Делчев“

Следно

Општина Гази Баба донираше опрема за Детската клиника Козле

Latest from Blog

ОСКАРОВЕЦОТ АЛЕКСАНДЕР ПЕЈН ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЖИРИТО НА ВЕНЕЦИСКИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

Американскиот режисер Александер Пејн ќе биде претседател на жирито на Венецискиот филмски фестивал, соопштија организаторите. Филмовите на Пејн, како „Останатите“, „Бочно“ и „Потомци“, беа номинирани за вкупно 24 оскари, вклучувајќи четири за

Филипче им даде поддршка на родителите на настраданите од Кочани пред Собранието

На денешниот протестен марш организиран од родителите на настраданите во трагедијата во Кочани, кој се одржа пред Собранието на Република Северна Македонија, беше упатен јасен повик до народните избраници – да излезат

Денес се вози третата етапа од 60. Претседателска велосипедска трка на Туркије

МУГЛА (АА) – Денес се вози третата етапа од 60. Претседателска велосипедска трка на Туркије (ТУР 2025) помеѓу Фетхие и Мармарис, јавува Анадолу. Третата етапа од Претседателската трка, единствена велосипедска трка во

„Марка“: Перез и Реал Мадрид го одбрале најважното засилување за следната сезона

Реал Мадрид порано од посакуваното го заврши настапот во Лигата на шампионите, а двомечот со Арсенал ќе има и дополнително влијание врз иднината на „кралскиот клуб“. „Марка“ денеска објави дека Флорентино Перез
Go toTop