Мировен план на Трамп за Украина и Русија

April 23, 2025
1 min read

Според планот на Трамп, Русија ќе задржи повеќето од освоените територии, а Москва ќе мора да се повлече од две помали области, каде Украина би ја вратила контролата и би имала непречен пристап до утоката на реката Днепар, и до друга област во регионот Херсон.

Официјални преставници од САД, Обединетото Кралство, европските земји и Украина се состануваат денеска во Лондон за да извршат притисок за мировен договор меѓу Москва и Киев, при што американскиот претставник, генералот Кит Келог, се надева дека ќе го добие договорот на Украина за планот.

Извори запознаени со мировниот предлог на Трамп изјавија за Телеграф дека првите две точки опфаќаат итен прекин на огнот што украинскиот претседател Володимир Зеленски веќе во принцип го прифати.

– Третата точка ѝ забранува на Украина да бара членство во НАТО, иако сепак би ѝ било дозволено да се приклучи на ЕУ. Во однос на мерките против идната инвазија на Путин, европските земји би можеле да распоредат сили како форма на одвраќање. Четвртата точка предвидува дека САД го признава рускиот суверенитет над Крим. Нуклеарната централа во Запорожје, најголемата во Украина, која моментално е под контрола на руските сили, би била префрлена под американска контрола. Петтата точка предвидува Украина да потпише договор за минерали, со кој американските компании би добиле пристап до природните ресурси на земјата.

Во договорот е опфатена и точка која би отворила можност за нов тип на односи меѓу САД и Русија укинување на сите американски санкции за да можат двете земји да соработуваат во енергетската политика. Рускиот претседател Владимир Путин рече дека е задоволен од предлогот за забрана на членството на Украина во НАТО, но сепак Русија ќе мора да се откаже од својата цел за „демилитаризација на Украина“.

Покрај тоа, планот нема да ја спречи Украина да ги зајакне своите вооружени сили, ниту, пак, да ги спречи европските земји да продолжат да испорачуваат оружје на земјата. Нејасно е и дали од Украина ќе се бара да го признае Крим како руска територија или тоа ќе го го направи само Вашингтон, бидејќу ЕУ веќе се огласи дека тие нема да го признаат Крим.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќе ги замени ли вештачката интелегенција работните места во повеќе професии?

Следно

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април

Latest from Blog

ПОЧНУВА ЛЕКУВАЊЕ НА РАК СО РУСКИ ВАКЦИНИ: Овие пациенти ќе бидат првите што ќе ги примат

Развојот на вакцина против рак се одвива според планот, меланомот ќе биде првата болест што ќе се лекува, изјави денес рускиот министер за здравство Михаил Мурашко. „Сè оди според планот, како што

Араухо беше во Ерусалим и Уругвај, па се врати на тренинг во Барса

фото: Víctor Navarro @victor_nahe (X) Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, се врати на тренинзи во Барселона. Уругвајскиот дефанзивец денеска учествуваше на отворениот тренинг на тимот. За потсетување, на почетокот на декември, Араухо
Go toTop