МИРОЉУБИВИ АКТИВИСТИ СО ЛЕТОЦИ ПОВИКАА НА СОЛИДАРНОСТ ВО СВЕТОТ НА ОТВОРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА ИЗЛОЖБА ВО ПРАГА

March 22, 2024
2 mins read

Над 1.000 посетители дојдоа на синоќешното отворање на изложбата „Ниедно чувство не е конечно. Колекција на солидарноста, МСУ Скопје”/„No Feeling is Final. The Skopje Solidarity Collection“ во Националната галерија во Прага. Изложени се дела од вредната колекција на Музејот на современа уметност (МСУ) Скопје, од каде велат дека дошле многу интернационални уметници и куратори, културни работници, љубители на уметноста, кои работат и живеат во Прага, но и посетители кои специјално допатувале за овој настан.

Изложбата првично беше отворена лани во престижниот простор Кунстхале Виена, каде за девет месеци ја видоа повеќе од 75 илјади лица.

Од вкупната уметничката колекција на МСУ, која брои повеќе од 5.300 дела, во Виена беа изложени 94 дела и 50 дела од современи уметници, вклучени во овој проект. (Фото: МСУ)

„Поставката за солидарно Скопје со дела кои светски познатите уметници ги подарија на МСУ, по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, каде како последица на многуте човечки загуби светот повика на солидарност, вчера во Националната галерија, темата солидарност предизвика и мирољубиви активисти, кои влегоа во галеријата на самото официјално отворање. Тие повикаа на солидарност и мир во подрачјата погодени од воените конфликти денес во светот. Фрлајќи летоци и повикувајќи прекин на страдањата предизвикани од војните во светот се надоврзаа на солидарноста, како концепт на изложбата, што подразбира сочувство кон страдањата на другиот. Ова зборува за важноста на изложбата, нејзиниот потенцијал да се поврзува со актуелните општествени проблеми денес“, велат од МСУ.

Изложбата во Прага ќе трае до 29 септември. (Фото: МСУ)

Од вкупната уметничката колекција на МСУ, која брои повеќе од 5.300 дела, во Виена беа изложени 94 дела и 50 дела од современи уметници, вклучени во овој проект. Нa истиот концепт е заснована и оваа изложба во чешката Национална галерија и додадени се уште 54 дела од колекцијата на нашиот музеј.

(Фото: МСУ)

Првично замислена и прикажана во Кунстхале Виена, минатата година, изложбата во изменета верзија е проширена со дела од колекцијата на МСУ од чехословачки уметници и од самата НГП, која му донираше на МСУ дванаесет дела од класичниот модернизам.

Солидарната колекцијa се врти околу две перспективи. Првата е фокусирана на уникатната  збирката на МСУ Скопје. Втората перспектива е онаа на современите уметници, кои беа поканети од кураторскиот колектив „What, How & for Whom“, кои го креираа концептот на поставката: Сабина Саболовиќ (директорка на Кунстхале Виена), Наташа Илиќ и Ивет Ќурлин.

(Фото: МСУ)

Кураторките поканија 4 меѓународни современи уметници и едно уметничко дуо, кои добија задача да направат своја селекција од вредната колекција на МСУ и осмислија поставка со која воспоставија дијалог помеѓу делата на тие уметници и нивната авторска работа. Идејата беше да се види како денес уметниците ја доживуваат оваа збирка, настаната преку светската солидарност. На уметниците Брук Ендру (Мелбурн), Јане Чаловски и Христина Иваноска (Скопје), Синиша Илиќ (Белград), Иман Иса (Берлин) и Ѓулсун Карамустафа (Истанбул), за поставката во Прага се приклучува како кокуратор Радослав Ишток и уметниците Џеспер Алваер и Изабела Гросеова (Прага), кои, исто така, направија избор дела од колекцијата на МСУ, кои ќе бидат поставени во корелација со нивните авторски дела.

(Фото: МСУ)

Покрај нив поканета беше и светски познатата фотографка Елфи Семотан (Виена), која направи фотографии од градскиот пејзаж на Скопје и МСУ, а писателката Барби Марковиќ (Виена) – позната по остриот спој на фикцијата и социјалната реалност,  напиша патопис за нејзиното искуство од соочувањето со сложените и слоевити истории на Скопје.

Од МСУ вклучени во подготовките на изложбата се Благоја Варошанец, координатор на проектот и консултант во истражувањата, Владимир Јанчевски, консултант и автор на дел од текстовите за уметниците и конзерваторите Љупчо Иљовски и Јадранка Милчовска.

(Фото: МСУ)

Од колекцијата на МСУ, за Прага отпатуваа дела од: Пабло Пикасо, Дејвид Хокни, Петар Лубарда, Никола Мартиноски, Димитар Аврамовски Пандилов, Виктор Вазарели, Џаспер Џонс, Алекс Кац, Алберто Бури, Душан Перчинков, Анета Светиева, Александар Калдер, Глигор Стефанов, Пјер Алешински, Христо, Томо Владимирски, Ото Лого, Димо Тодоровски, Владимир Величковиќ, Шила Хикс, Јон Григореску, Олга Јевриќ, Енрико Бај, Олга Печенко-Срженичка, Богоја Поповски, Мерет Опенхајм, Џетулио Алвиани, Ана-Ева Бергман, Роберто Мата, Золтан Кемени, Зао Ву Ки, Ханс Хартунг, Емил Фила, Франтишек Музика, Честмир Кафка, Јиржи Штирски, Јозеф Јанкович, Јан Зрзави, Оршолија Дроздик и многу други.

Изложбата во Прага ќе биде отворена до 29 септември.

Б. НЕСТОРОСКА

ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Канаѓаните ќе се кренат на бунт да знаат колку се банкрот

Следно

Робињо уапсен во Бразил

Latest from Blog

Во тешка сообраќајка загина Живко Пејковски, поранешен пратеник

Во сообраќајна незгода денеска загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“. Веста за неговата смрт ја потврди и неговиот син преку објава на социјалните

Фетаи: Неселективна и примерна правда за кривични дела говор на омраза и нетрпеливост

Потпретседателот на Владата на Македонија, одговорен за политиките на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска го осуди палењето на македонското и албанското знаме, опишувајќи ги како кукавички чинови, кои сведочат за опасниот раст

Скаловски: Институтот за родови студии е во алармантна состојба поради недостаток на кадар

Семејното насилство, фемицидите и дискриминациите, во отворена или камуфлирана форма, и натаму опстојуваат за жал, и тоа е и светски тренд. Но тоа не смее да биде оправдување за да се откажеме

Заврши амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2025 година

Собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го заврши претресот на амандманите по Предлог-буџетот за 2025 година. По амандманската расправа, како Дополнет предлог-буџет документот се враќа во Владата на финално одобрување по

Грција: Суспендирани над 10.000 ученици поради употреба на мобилен телефон на настава

Од почетокот на учебната година во Грција, поради употреба на мобилен телефон за време на наставата суспендирани биле 10.700 ученици, според министерот за образование, религија и спорт на Грција Кирјакос Пиеракакис, јави
Go toTop