Миркуловски: Дома си е дома, мора да имаме комуникација со сите генерации

July 10, 2025
1 min read

Ракометната легенда Филип Миркуловски се врати во македонскиот ракомет, ќе работи како спортски координатор на сите машки национални тимови. Големиот борец како играч, сега доаѓа во нова оперативна функција. Популарниот „Жути“ нагласи дека е среќен за новата позиција, фокусиран на работа во мак-ракометот и развој на младите ракометари.

Убаво е да се видат познати лица по долги години назад во Македонија. Благодарен сум за довербата да работам на вака витална функција. Јас сум тука да дадам се од себе и своето знаење со моето искуство играјќи во Германија. Главната цел ќе биде развојот на младинските категории, да ги искоординирам и сите селектори. Мора да ја подобриме комуникацијата меѓу генерациите, за сите да бидат подготвени да бидат дел од системот. Прво што треба да направиме е креација на пионерска категорија и да им дадеме предност на младите деца за да ги достигнеме сите големи селекции. Ќе дадам свој максимум за да ги подобриме условите и да го вратиме младинскиот ракомет таму каде што му е местото.

Во овој момент фокусот ми е на новата работна позиција. Ова е работно место кое бара многу работа, треба многу да се работи со најмладите. Да бидеш тренер и да работиш на ваква функција е некомпатибилно. Можев да бидам и тренер, меѓутоа јас секогаш сум сакал напредок пред се за македонскиот ракомет. Дома си е дома, секогаш е добро да сум тука. Секогаш сум давал максимум како играч, а сакам тоа да го пренесам и на новата функција. Сега ракометот е на доста добро ниво, ама ќе го кренеме ниво погоре. Имам одлична комуникација со Лазаров, како и со останатите селектори. Според мене најважно е добро да комуницираме со сите генерации за да се направи ист систем и ракометарите да бидат подготвени како напредуваат. Сите треба да бидеме во својство на А-селекцијата“, изјави Миркуловски.

На новата работна позиција Филип Миркуловски започна на почетокот на јули и веќе се стави во функција на федерацијата.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шефот на албанската дипломатија Хасани: „Военото присуство на Албанија во Латвија е доказ за посветеноста кон НАТО“

Следно

Пленковиќ: Овој дел од Европа нема да оди напред ако злосторства како Сребреница не се признаат

Latest from Blog

Гугл се спогоди да плати 68 милиони долари поради шпионирање на корисниците

Корисниците на Гугл поднесоа тужба против компанијата поради тоа што неговиот „Гугл асистент“ („Google Assistant“), нелегално ги шпионирал нивните паметни телефони, снимајќи и пренесувајќи приватни разговори до огласувачите, со цел да да

Новата гардероба ја губи бојата после првото перење – Тајната на постојаноста се крие во кујната, потребна е само една состојка

Новата гардероба, особено темните и интензивни бои, често ја губат живоста по првите неколку перења. Причината е едноставна, бојата кај новите парчиња облека не е целосно врзана за влакната, па под дејство
Go toTop