Мир со Русија е можен само со наша победа на бојното поле, вели Зеленски

April 3, 2023
1 min read

Украинскиот претседател истакна дека за да ја постигне оваа цел, на Украина ѝ треба сè што нејзините партнери имаат и можат да обезбедат, како помош во оружје и муниција

Единствениот услов под кој е можно да се постигне мир со Русија е победа на Украина на бојното поле во земјата, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски, пренесе агенцијата УНИАН, повикувајќи се на неговата изјава за време на посетата на селото Јагодно во областа Чернихивска.

„На кој начин може да се постигне мир со Русија? Само со победа на бојното поле во нашата земја, да се запре Руската Федерација“,

рече Зеленски.

Според него, во спротивно, по Украина, Русија ќе тргне кон Европа.

„Веќе можете да го видите резултатот од тоа што окупаторите им го прават на градовите во нашата земја“,

кажа украинскиот претседател.

Зеленски истакна дека за да ја постигне оваа цел, на Украина ѝ треба сè што нејзините партнери имаат и можат да обезбедат, како помош во оружје и муниција. Тој изрази благодарност до сите партнери за веќе дадената поддршка, која ќе помогне да се спасат животите на Украинците.

Претседателот Зеленски престојуваше во селото Јагодно, во северниот украински регион Чернихив, за да ѝ оддаде почит на храброста на речиси 400-те жители кои Русите ги држеа 27 дена во подрум од локално училиште, пред да бидат ослободени, јавија британските медиуми.

Зеленски во посетата на Јагодно беше придружуван од германскиот вицеканцелар Роберт Хабек и генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ-Буриќ.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УНЕСКО и Европската комисија почнуваат образовна кампања против антисемитизмот

Следно

Силен земјотрес го погоди островот Суматра во Индонезија

Latest from Blog

Жичницата на Водно привремено нема да биде во функција

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува корисниците дека жичницата „Милениумски крст ” привремено нема да биде во функција. Како што наведоа од ЈСП, причината за привремениот прекин е поради изведување

Аргентина не сака “финалисима“ да се игра во Мадрид!

ФОТО:copaamerica.com/ Претседателот на Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА), Клаудио Тапија, беше непоколеблив во врска со можноста натпреварот “Финалисима“ помеѓу Аргентина и Шпанија да се премести на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. На ден

Меџити ја пречека в.д. амбасадорката на САД, Никол Варнс

Изет Меџити, градоначалник на Општина Чаир, оствари средба со Никол Варнс, која ја извршува функцијата амбасадорка на САД во Скопје. На средбата беа разгледани актуелните случувања во земјата, зајакнувањето на институциите и

Њујорк Тајмс: ТРАМП ГО ПОТЦЕНИ ИРАН, СЕГА ВЛАДАТА НЕ ГО ЗНАЕ ИЗЛЕЗОТ ОД ВОЈНАТА

Трамп ги потцени Иранците. Вашингтон не очекуваше дека нападот врз Иран ќе доведе до сериозно зголемување на цените на нафтата и гасот на светските пазари, пишува „Њујорк тајмс“ (NYT), повикувајќи се на
Go toTop