Миовски: Имав тешко лето, па среќен сум за голот против гигантот Селтик

August 13, 2023
1 min read

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски влезе во сезоната по тешка повреда која го оддалечи од терените неколку месеци. Сепак, нашиот фудбалер се избори за брзо враќање и покажа дека е подготвен да продолжи онаму каде што застана минатата сезона.

Во разговор за спортскиот портал  Gol.mk, Миовски се осврна на повредата, голот против великанот Селтик, а зборуваше и за следните предизвици.

„Пред сè ова лето беше многу тешко за мене, се повредив на крајот на сезоната и бев со чизма на мојата лева нога скоро месец дена. Цел мој одмор беше насочен на мојата повреда, за што подобро и побрзо да се рехабилитирам и како што гледате на најдобар можен начин се вратив. За ова секако е заслужни медицинскиот тим во Абердин кој ми помогна многу во тој период.

Нормално дека сум среќен што постигнав гол против Селтик. Тие се шампиони во Шкотска долго време и голем клуб. Штета е што на крајот загубивме, ама одигравме одлично прво полувреме кое ветува многу за во иднина“ изјави Миовски.

 

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во спомен собата на Васил Хаџиманов е донесено столчето за пијаното на кое музицирал најпознатиот и прв етномузиколог во Македонија

Следно

Пронајдено телото на удавениот во Дојранско Езеро

Latest from Blog

Коњановски: Паметна мобилност, сајбер-безбедност и водоснабдување на меѓународната конференција во Израел

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, и секретарот на Општината, Борче Димитровски, учествуваат на 35. Меѓународна конференција на градоначалници во Тел Авив, Израел. Конференцијата е посветена на темата „Оспособување на градовите на иднината“,

Тоневски: Љубопитноста на најмладите е поттик за подобар Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Браќа Миладиновци“ ја посетија Општина Пробиштип, каде што се запознаа со работата на градоначалникот, функционирањето на општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Градоначалникот Тони Тоневски

Општина Битола: Второ место на национално ниво за транспарентно и отчетно работење

Општина Битола го освои второто место меѓу 81 единица на локалната самоуправа во Македонија според Индексот на отворени општини за 2025 година, изработен од Здружението за истражување и анализи „ЗМАИ“. Со освоени

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,
Go toTop