Министерството за здравство: 430 загинати, над 3.500 ранети во израелските напади врз Иран

June 21, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Заменик-министерот за здравство на Иран, Ираџ Харирчи, денес соопшти дека бројот на жртви од израелските воздушни напади достигнал 430, додека над 3.500 цивили се повредени од почетокот на нападите на 13 јуни, преку соопштение за медиумите од Министерството за здравство, јавува Анадолу.

Израелските напади се насочени кон широк спектар на локации – депоа на ракети, нуклеарни постројки и станбени области во Техеран, Исфахан, Ком, Хорамабад и други градови.

Меѓу пријавените цели е и нуклеарната постројка во Исфахан, за која иранските власти соопштија дека немало опасни протекувања.

Новинската агенција „Активисти за човекови права“, пак, во четвртокот објави дека до 639 лица се загинати, а над 1.300 се повредени во израелските напади.

Иран возврати со координирани напади со беспилотни летала и ракети врз израелска територија.

На израелска страна, најмалку 25 лица се загинати, а повеќе од 2.500 се повредени во иранските напади, според бројките објавени од израелските власти.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Приведена бегалка од затвор, вратена е во Идризово доиздржување на казната

Следно

Турскиот претседател Ердоган предупреди на „нов Сајкс-Пико поредок“ на Блискиот Исток

Latest from Blog

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во
Go toTop