Министерството за транспорт со обемни контроли, одземени голем број лиценци

March 21, 2025
1 min read

По страотната трагедија во Кочани, владата под лупа ги става сите издадени лиценци од било кој тип кои ги издаваат министерствата или било која државна  институција. Министерот за транспорт и врски Александар Николовски вели дека  ќе бидат прочешлани издадените лиценци согласно Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање.

Николовски вели дека законите во делот на конролата не се јасни и денеска најави законски измени во тој дел. Контролата покажала мдека од досега проверени 643 лиценци од вкупно издадени 1100 кај 97 компании се утврдени неправилности и им се одземени лиценците за работа.

„На 13 фирми кои се занимаваат со градежништво и имаат право да градат брани, автопани, далноводи, државни објекти, министерства, влада им е одземена лиценцата и не смеат веќе да градат. На 34 правни лица им е одземена лкиценцата за Б изведувач, тоа се 34 градежни компании кои се заниомаваат со се што е градба во државата надвор од се што досега спомнав, односно надвор од овие врвни државни објекти. За мене ова е најосетливо и ќе излеземе со имиња само да јуа завршиме постапката.“ – Александар Николовски министер за транспорт и врски.

– Во однос на „дискотеката на смртта“ објектот првично бил изграден за лесна незагадувачка индустрија, одреден период се користел како шивалница, па потоа се користел како магацин. Години подоцна му бил дограден еден дел од 50 квадрати, кој бил легализиран во 2011 година. Николовски вели, дека од аспект на урбанистичко планирање законот бил испочитуван но проблемите настанале кога на ред дошле адаптации и реконструкции во внатрешноста, и тоа без никакво одобрение од државна институција. Лицата кои ставале печат и потпис биле од приватна фирма. Архитектите се децидни, во законските решенија и правила во градежништвото во земјава има многу недоречености и слабости.

„Бидејќи и ова било дивоградба, работело како дивоградба па потоа го легализирале, затоа велам ние си играме држава, како не сакаме дивоградба, ама тогаш се знае. На ЕВН секоја дивоградба е приклучена со струја, на вода ви е покриен. Ако сакате како држава да се справите со дивоградбите нема да го казните тој што направил дивоградба, ќе го казните ЕВН и тоа добро и Водовод исто така, или некој друг што му дал услуга и ќе видите после дали ќе има диво градби. Ако вие не му ги приклучувате објектите на било која мрежа нема да биде будала некој човек да прави дивоградба.“ – Мартин Пановски архитект.

Николовски најави дека во вторник ќе ги објави финалните резултати од проверката на лиценците кои ги добиле градежните фирми. Веќе потврди дека има крупни играчи од градежниот бизнис кои се добро познати во јавноста.  

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Унгарскиот министер Сијарто: Нереално е да се говори за европската безбедност без Туркије и Русија

Следно

Во понеделник протест и во Тетово, ќе се бара правда за Кочани, модуларната болница, Беса транс и Дурмо турс

Latest from Blog

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи

Мицкоски: Вистинскиот избор за заедничка иднина, избрани претседатели на партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донела одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата

Меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“ ќе се гради во Стар парк во Кочани

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор е

Николоски: Владата е посветена на долгорочна заштита на Охридското крајбрежје

Охридскиот регион, како светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност, останува врвен национален приоритет. На средба во седиштето на УНЕСКО во Париз со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија

Гастарбајтерите ја напуштаат Германија: „КРИЗА Е…“

Сè повеќе хрватски граѓани емигрираат од Германија, како што покажуваат официјалните бројки. Минатата година, повеќе од 20.000 хрватски граѓани ја напуштиле земјата, 11.000 повеќе од што емигрирале. Некои се вратиле во Хрватска,
Go toTop