Screenshot

Министерството за енергетика прво со максимални 100 отсто транспарентност

September 29, 2026
1 min read

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини постигна 100 проценти активна транспарентност, потврдува официјалниот Индекс на активна транспарентност за 2026 година на Центарот за граѓански комуникации. За само две години од формирањето, МЕРМС успеа да го достигне максималниот резултат – целосно исполнување на обврските за проактивно објавување информации од јавен карактер.

Резултатот од 100 проценти е силна потврда дека отвореноста, отчетноста и навременото информирање на јавноста се поставени како стандарден начин на работа на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Според официјалниот извештај, МЕРМС е единственото министерство со освоени максимални 100 проценти активна транспарентност во 2026 година. Индексот ја мери исполнетоста на обврските за активно, односно проактивно објавување информации на интернет-страниците на институциите.

МЕРМС е институција формирана во 2024 година, а за само две години воспостави нови процедури, работни процеси и стандарди, но и култура на работа во која отвореноста кон јавноста е дел од секојдневната институционална одговорност.

Овој резултат е потврда на принципот дека граѓаните имаат право да знаат како работи институцијата, кои одлуки ги носи, кои политики ги спроведува и како се управува со јавните ресурси.

Активната транспарентност, како што ја дефинира Центарот за граѓански комуникации, подразбира институциите на сопствена иницијатива да објавуваат информации од јавен карактер, без граѓаните претходно да мора да поднесат барање за нив.

Сто проецнти активна транспарентност значи целосно исполнување на критериумите за проактивно објавување информации на веб-страницата на Министерството. Во оценувањето се опфатени клучни области како: пристапот до информации од јавен карактер, надлежностите и услугите на институцијата, одговорноста, отчетноста и интегритетот, како и буџетската и финансиската транспарентност. Дополнително, се оценува и навременоста и целосноста на одговорот на барање за слободен пристап до информации од јавен карактер.

И уште поважно: извештајот покажува дека МЕРМС во однос на 2025 година го подобрил резултатот за 34,8 процентни поени, што е најголемото подобрување меѓу министерствата.

Токму ова е принципот врз кој МЕРМС го гради своето институционално работење – информацијата да стигне до граѓаните навреме. Од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини посочуваат дека максималниот резултат е признание, но и обврска понатаму да се одржува највисокото ниво на отвореност.

Министерството останува посветено на принципите на отвореност, отчетност, професионалност и достапност на информациите, со цел граѓаните, медиумите и сите заинтересирани страни да имаат јасен и навремен увид во работата на институцијата.

Максимална транспарентност за само две години – резултат кој покажува дека кога отвореноста кон граѓаните е поставена како принцип на работа, таа може да стане институционален стандард.

Линк до извештајот: https://eur04.safelinks.protection.outlook.com/?url=https%3A%2F%2Fwww.ccc.org.mk%2Fwp-content%2Fuploads%2F2026%2F09%2Faktivna-transparentnost-2026.pdf&data=05%7C02%7CSvetla.Jakshik%40energy.gov.mk%7C35a14ada6d764b64ee1e08df1d3ecbf7%7Ccf4a8e3aff92456b9ccca8e3bea49c82%7C0%7C0%7C639261827695985859%7CUnknown%7CTWFpbGZsb3d8eyJFbXB0eU1hcGkiOnRydWUsIlYiOiIwLjAuMDAwMCIsIlAiOiJXaW4zMiIsIkFOIjoiTWFpbCIsIldUIjoyfQ%3D%3D%7C0%7C%7C%7C&sdata=giWpv0PIt%2FfmjghX9XfXIH39Z6tnQzth6lPzTxuGufE%3D&reserved=0

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ослободени петмината осомничени за тероризам од американската база. Трамп: Изненаден сум

Следно

Општина Битола ја обновува механизацијата на „Нискоградба“

Latest from Blog

(ВИДЕО) ГОРИ И ИТАЛИЈА? Протест во Милано, судири кај Дуомо повредени полицајци и демонстранти!

До вечерта – додека мали групи сè уште напаѓаа – бројот на жртви беше исклучително голем: околу 50 лица беа уапсени, вклучувајќи многу малолетници, неколку полицајци и демонстранти беа повредени, а центарот

Флик: Барселона заслужено го победи Бетис

Девет победи во девет меча за Барселона во шпанското првенство покажува дека тимот предводен од тренерот Ханси Флик е подготвен да ја одбрани титулата освоена минатата сезона. Барселона го помина и последниот

Мерц, АНГЕЛА РЕЧЕ „НЕ“ (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека Христијанско-демократската унија (CDU) не треба да соработува со крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). „Би ми било тешко да се влезе во коалиција со нив,

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна
Go toTop