Министерство за здравство информира за состојбата на пациентите згрижени во Македонија и странство

March 19, 2025
1 min read

Министерството за здравство информира за состојбата на пациентите во установите во земјава и странство, согласно воспоставените процедури за известување од медицински центри во странство.

-Напоменуваме дека сите пациенти се соодветно згрижени и добиваат 24-часовна врвна медицинска нега во земјава и во специјализираните медицински центри во странство.

Од вкупно 178 повредени, во јавните здравствени установи во државата во моментот се третираат 64 пациенти, кои се во релативно стабилна состојба, во приватните здравствени установи се лекуваат 13 пациенти, а 101 пациент се третираат во странски медицински центри.
Во Австрија од вкупно шест пациенти кои беа на интензивно лекување, еден пациент е префрлен на оддел, а другите се во потешка, но стабилна состојба.
Во Литванија четворица пациенти се уште се на интензивно лекување, кои се во стабилна состојба во моментот.
Во Србија, од вкупно 30 пациенти, 11 се интубирани во потешка општа состојба, а останатите се стабилни.
Во Бугарија се хоспитализирани вкупно 15 пациенти, од кои седум се интубирани и 6 оперирани, со стабилна хемодинамика, а двајца почнуваат од денес да се движат.
Во Словенија во УКЦ Љубљана се хоспитализирани двајца пациенти, кои се во потешка здравствена состојба, со благо подобрување од вчера.
Во Грција од вкупно 12 пациенти, двајца се критични, но стабилни во моментот, тројца од нив се оперирани. Утрово се пристигнати и нови пациенти во Атина, кои се хоспитализирани и се под опсервација.
Во Белгија и во Италија се хоспитализирани по 4 пациенти и сите се стабилни.
Во Хрватска се хоспитализирани двајца пациенти во тешка општа состојба, но стабилни, а за пристигнатите тројца нови пациенти во тек се дополнителни иследувања.
Исто така, во Полска се на лекување двајца пациенти, од кои едниот е екстубиран, а другиот е на интензивно лекување.
Денес се во тек подготвителни активности за транспорт на двајца пациенти за Шведска.
Упатуваме благодарност до медицинските тимови од странство, кои со својата стручна експертиза, заедно со нашите здравствени работници заеднички и посветено се грижат за повредените пациенти во нашите здравствени установи. Благодарност и за поддршката од сите општествено одговорни компании, велат од МЗ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО Едниот насмеан, другиот со спуштена глава – во суд пристигнуваат уапсените полицајци во врска со несреќата во Кочани

Следно

Израелската армија уништи цели населби во Тулкарем за време на нападите на Западниот Брег

Latest from Blog

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја

Николоски: Македонија добива брза пруга на коридор 10 со возови до 200 км/ч

Македонија се подготвува за значајна модернизација на железничката инфраструктура со изградба на брза пруга на Коридорот 10, по која возовите ќе се движат со брзина до 200 километри на час, најави вицепремиерот

Скопје – Атина за пет часа: Николоски најави железничка револуција

Македонија се подготвува за значајна модернизација на железничката инфраструктура со изградба на брза пруга на Коридорот 10, по која возовите ќе се движат со брзина до 200 километри на час, најави вицепремиерот
Go toTop