Министерот за здравство Азир Алиу со „Мобилен кабинет“ во Гостивар

August 11, 2025
1 min read

Министерот за здравство, Азир Алиу, во среда (13 август) ќе ја продолжи иницијативата „Мобилен кабинет“ со посета на Општа болница Гостивар, каде е предвидена изјава за медиуми во 13:30 часот (во холот на влезот на болницата)

Во периодот од 14:15 до 15:15 часот, министерот Алиу ќе одржи средби со граѓани, кои ќе имаат можност директно да ги споделат своите искуства, проблеми или предлози поврзани со здравствениот систем. За учество на овие средби, потребна е претходна пријава преку платформата „Отворен кабинет“, која е достапна на интернет страницата на Министерството за здравство: https://zdravstvo.gov.mk/

Министерството за здравство ги повикува граѓаните на Гостивар и околината да ја искористат оваа можност за директна комуникација со министерот Алиу.

Иницијативата „Мобилен кабинет“ претставува модел на теренска работа преку кој министерот за здравство, заедно со членови на кабинетот ги посетува здравствените установи низ државата, а веќе е реализирана посета на КБ Штип и средби со граѓаните од овој регион. Целта е директен увид во состојбите на јавните здравствени установи, подобра координација со медицинските работници и отворен дијалог со граѓаните.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тотенхем започна разговори со Манчестер сити за трансферот на Савињо

Следно

Лиценците и здравјето на граѓаните се на линија, продолжува борбата помеѓу стоматолозите и МЗ

Latest from Blog

Меџити: Чаир ќе ги одбележи ноемвриските празници со концерт на Рона Нишлиу

Албанската пејачка Рона Нишлиу ќе одржи концерт во Општина Чаир по повод ноемвриските празници, најави градоначалникот Изет Меџити. Меџити се сретна со Нишлиу за време на нејзиниот престој во Скопје, во рамки

Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство

САД добија речиси се’ освен присвојување на Гренланд – по неколкумесечните тензични кои предизвикаа глобален геополитички потрес, Вашингтон и Копенхаген постигнаа договор, САД влегува трајно, воено, на арктичкиот остров – Кралството Данска
Go toTop