Министерот за култура на Бугарија ќе диригира со Софиската филхармонија во Скопје

March 11, 2023
1 min read

Во салата на Филхармонија вечерва ќе гостува Софиската филхармонија, под диригентската палка на маестро Најден Тодоров, кој воедно е и актуелен министер за култура во Владата на Бугарија. Ќе прозвучи програма со дела од Вангелис, Ханс Цимер, Енио Мориконе, Дмитри Шостакович и Џон Вилијамс.

Концертот е насловен „Новата класика“, а солист ќе биде обоистот Владимир Лазаревски. Концертот се организира во соработка со Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.

Софиската филхармонија редовно одржува тематски концерти посветени на киното. За концертот во Скопје, маестро Тодоров избра некои од најголемите ремек-дела на филмската музика од филмовите како „Пиратите од Карибите“, „1492: Conquest of Paradise“, „Мисијата“, „Хари Потер“, „Индијана Џонс“ и „Војна на ѕвездите“.

Повеќе од три децении талентот на Најден Тодоров достигнува нови врвови во различни жанрови и се наметнува на најпрестижните сцени ширум светот. На крајот на 2022 година, неговите концерти во Богота со Националната филхармонија на Колумбија, со познатиот виолончелист Сантијаго Канон-Валенсија како солист, како и концертот со Симфонискиот оркестар на Сан Ремо, доживеаја голем успех. Во ноември 2022 година со Софиската филхармонија тој гостуваше во Загреб, а во декември – во големата сала на Берлинската филхармонија. Во меѓувреме, во октомври Најден Тодоров го презеде својот втор мандат како директор на Софиската филхармонија, по презентирањето на брилијантно одбранетиот концепт за просперитет на националниот оркестар на Р. Бугарија“, соопштија организаторите.

Како што посочуваат, неговата професионална кариера почнува во Пловдивското музичко училиште „Добрин Петков“, каде што на 16-годишна возраст дебитирал како диригент, а го создава Младинскиот оркестар „Пловдив“ со кој учествува на неколку европски турнеи. Студирал диригирање кај Крстју Марев и Александар Владигеров, од 1993 година бил студент на Урош Лајовиц и Карл Остеррајхер на Универзитетот во Виена, во 1996 година специјализирал на Музичката академија „Рубин“ во Ерусалим кај Менди Родан. Магистрирал на Новиот бугарски универзитет, докторирал на Универзитетот во Лондон и насока културен менаџмент на Новиот бугарски универзитет. Бил стипендист на Меѓународната фондација „Св. Св. Кирил и Методиј“, Фондацијата Боргезе, Ротари клуб – Виена и Швајцарската фондација „Георг Вехтер“.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вучиќ: Сакаме мир со Албанците, но јас нема да ја потпишам независноста на Косово

Следно

AФАД: Бројот на загинати во разорните земјотреси во јужна Туркије порасна на 47.975

Latest from Blog

Турскиот претседател Ердоган им го честита Денот на Европа на европските граѓани

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им го честита на европските граѓани 9 Мај, Денот на Европа, јавува Анадолу. Според соопштението на профилот на социјалните мрежи на претседателската Дирекција за

Баер Леверкузен ја најде замената за Чаби Алонсо

Цеск Фабрегас е првиот кандидат за наследник на Чаби Алонсо на клупата на Баер Леверкузен. Шпанска „Марка“ откри дека германскиот клуб од неколку кандидати за приоритет го избрал Фабергас на местото на

САД: Федерален судија нареди ослободување на турската докторантка Румејса Озтурк со кауција

ВАШИНГТОН (АА) – Федерален судија во американската сојузна држава Вермонт денес нареди ослободување на турската докторантка Румејса Озтурк, која беше контроверзно приведена од агенти за имиграција кон крајот на март, со кауција,

Турција и Грција ќе ја прошират соработката за достигнување на целта од 10 милијарди долари во билатералната трговија

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) – Соработката меѓу Анкара и Атина ќе се прошири во различни сектори за да се постигне целта од 10 милијарди долари во билатералната трговија, изјави денес турскиот заменик-министер за надворешни
Go toTop