Министерот Тошковски во Велес ја престави иницијативата „До вас, за вас“

November 21, 2024
1 min read

Со иницијативата „До вас, за вас“ ги отвораме вратите на полицијата за поголема довеба во полицијата и безбедност на сите граѓани, напиша на Фејсбук министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Денеска во Велес, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност присуствувавме на вториот настан од иницијативата „До вас, за вас“, која е дел од посветеноста за приближување на полицијата до граѓаните. Настанот на дружење и заеднички активности на полицијата со граѓаните од оваа иницијатива е исклучително важен чекор во создавање подобра комуникација а со тоа соработка и доверба меѓу полицијата и заедницата. Целта на оваа иницијатива е да покажеме на дело дека полицијата е секогаш тука меѓу граѓаните – за граѓаните. Целта е да создадеме и одржуваме врски на доверба со заедницата, што е вистински темел за создавање долгорочна безбедност и стабилност. Преку дружба и комуникација со граѓаните веруваме дека иновативно го обновуваме пристапот кон безбедноста што за резултат ќе има зголемена доверба и соработка, истакна Тошковски.

Симболично ги отвораме вратите на полицијата и ги охрабруваме сите граѓани да учествуваат во создавањето на практики кои ќе доловат вистинските потреби на граѓаните и локалната заедница, додаде тој.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Љатифи Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Следно

Палестинскиот амбасадор во В. Британија ги поздрави налозите на МКС за апсење на Нетанјаху и повика на одговорност

Latest from Blog

Тројца социјални работници добија отказ поради убиството на домородно девојче во Австралија

Телото на девојчето, кое од културни причини е наречено Куманџаји Мало Бејби, беше пронајдено на 30 април, пет дена откако исчезна од абориџинска населба во близина на Алис Спрингс, пишува Би-Би-Си. Министерката

ВЛЕН ги става младите во центарот на политичкото одлучување

Во пресрет на Конгресот на Обединувањето на ВЛЕН, младинските форуми на партиите од коалицијата ВЛЕН предложија Резолуција за унапредување на младите во политичкиот и јавниот живот. Водени од принципите на демократија, меритократија
Go toTop