Министерот Кац: Израел го прекина снабдувањето со вода на Појасот Газа

October 10, 2023
1 min read

КУДС (АА) – Израелскиот министер за енергетика, Израел Кац, изјави дека наложил прекинување на снабдувањето со вода во Појасот Газа, пренесува Анадолу.

„Сите цевки за водоснабдување од Израел до Појасот Газа се исклучени“, изјави Кац, јави израелскиот Канал 12.

Тој нагласи дека снабдувањето со електрична енергија и гориво на Газа е прекинато уште пред два дена.

Последниот потег доаѓа откако израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, вчера донесе одлука да воведе „целосна“ опсада на Газа, велејќи дека струја, храна, вода и гориво нема да стигне до Појасот Газа.

Од саботата Израел ги затвори сите премини со Појасот Газа во двата правца.

Палестинската група на отпорот, Хамас, со седиште во Газа, во саботата наутро започна операција против Израел наречена „Поплава Ал Акса“ истрелувајќи бараж ракети. Се наведува дека ненадејниот напад е одговор на упадот во џамијата „Ал Акса“ во окупираниот Источен Кудс (Ерусалим) и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците.

Како одмазда, израелската војска ја започна операцијата „Железни мечеви“ против Хамас во Појасот Газа.

Бројот на Палестинци кои загинаа во нападите на израелските сили во Газа се искачи на 704, од кои 143 деца и 105 жени, соопшти рано утрово Министерството за здравство во Газа. Се наведува дека бројот на ранети пораснал на околу 4.000.

Според израелското Министерство за здравство, во борбите загинале најмалку 900 Израелци, а над 2.600 се ранети.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битиќи ја брани катастрофата во земјоделството

Следно

Во Собрание седница на Анкетната комисија за случајот Онкологија

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop