Министерката за надворешни работи на Романија во работна посета на Северна Македонија

November 15, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Министерката за надворешни работи на Романија, Луминица Одобеску, престојува во работна посета на Северна Македонија, каде што беше пречекана од колегата Бујар Османи, јавува Анадолу.

Двајцата министри одржаа тет-а-тет средба, по која следуваше билатерална средба помеѓу делегациите на двете земји.

На заедничката прес-конференција министерот Османи рече дека Романија наскоро одбележува 17 години од приемот во Европската Унија (ЕУ), додавајќи дека таа е земја пример за придобивките што ги носи зачленувањето во Унијата.

Тој, исто така, ѝ се заблагодари на Романија за поддршката што ѝ ја дава на Северна Македонија на патот кон полноправно членство во ЕУ.

„Денес потпишавме два важни документа: Акциски план за соработка помеѓу двете министерства за надворешни работи за периодот 2024-2025 година и Протокол за соработка во областа на образованието. Заемно заклучивме дека одличните политички односи треба да бидат проследени со соодветна економска соработка за која постои голем потенцијал“, рече Османи.

Тој, исто така, рече дека со министерката Одобеску споделува ист став за ситуацијата во регионот, насочен кон зачувувањето на мирот и стабилноста.

Министерката Луминица Одобеску во својот говор рече дека ова ѝ е прва посета на нашата држава.

„Мојата денешна порака е многу јасна. Романија силно ја поддржува целта на Северна Македонија за членство во ЕУ. Романија и Република Северна Македонија се силни партнери во регионот. Имаме многу силни културни врски, споделуваме богата заедничка историја и извонредна традиција. Сето ова им додава суштина и вредност на длабоките врски помеѓу нашите два народа”, рече Одобеску.

Таа додаде дека Северна Македонија претставува важен трговски партнер на Западен Балкан и е фактор во подем.

Одобеску додаде дека двете земји споделуваат слични интереси кога е во прашање регионалната стабилност и сигурност, вклучително и како сојузници во НАТО-алијансата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Претрес во Скопје, откриена лабораторија за производство на марихуана

Следно

Шефот на руската дипломатија Лавров: Формирањето палестинска држава е неизбежно

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop