Министерката за надворешни работи на Канада во историска посета на Северна Македонија

August 30, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли, пристигна во посета на Северна Македонија, каде што беше пречекана од министерот за надворешни работи на земјата, Бујар Османи, јавува Анадолу.

Двајцата министри одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше билатерална средба помеѓу двете делегации.

На заедничката прес-конференција беше истакнато дека ова е историска посета на еден министер за надворешни работи на Канада во Скопје, прва по 25 години.

Министерот Османи истакна дека имал продуктивна средба на која биле отворени важни прашања за билатералните односи што пред неколку години се издигнати на ниво на стратегиско партнерство.

Тој истакна дека за подобрување на економската соработка е иницирана посета на бизнис-делегација од Канада на Северна Македонија, додавајќи дека има значително поголем потенцијал за економска соработка и во иднина особено повеќе ќе се посветат на оваа тема.

„Иако географски оддалечени, нашите две земји силно ги поврзува нашата многубројна дијаспора во Канада, главно, лоцирана во државата Онтарио. Тие се горди жители на една мултиетничка и просперитетна држава како Канада, но истовремено и горди на своите корени од Северна Македонија. Нивната улога во зајакнувањето на билатералните односи и соработка е особено значајна и уверен сум дека силната поддршка од канадските власти и преку нивните многубројните активности и во иднина ќе продолжат да ги приближуваат народите од нашите две пријателски земји“, рече Османи.

Министерката за надворешни работи на Канада, Жоли, рече дека на состанокот се разговарало за многу теми, меѓу кои ја истакна соработката во рамките на НАТО-алијансата.

Таа ѝ се заблагодари на Северна Македонија за учеството на нејзините сили во рамките на Зајакнатото истурено присуство во Латвија, каде што рамковна нација е Канада.

„Како што знаете многу добро, светот е под предизвик во последните 18 месеци и оваа важна посета на Словенија, Северна Македонија и Албанија доаѓа во клучен момент. Низ светот гледаме растечка смелост од страна на авторитарните владетели, користење на информациите како оружје и демократии што се под закана. Канада има цел да ги поддржи демократиите што директно се погодени од неоправданата војна на Путин против Украина“, рече Жоли.

Таа ја поздрави улогата на Северна Македонија како конструктивен партнер на Западен Балкан.

Шефицата на канадската дипломатија, исто така, изрази поддршка за евроинтегративниот процес на Северна Македонија, наведувајќи дека ниту една држава не може сама да го постигне тоа што повеќе држави можат да го постигнат заедно.

Во рамките на посетата министерката Жоли ќе се сретне со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, како и со премиерот Димитар Ковачевски.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Канада цврсто верува дека иднината на С Македонија е во ЕУ и можете да сметате на нашата поддршка, му порача Жоли на Османи

Следно

Израелските сили застрелаа Палестинец во окупираниот Западен Брег

Latest from Blog

Резаи: Ракетите ќе преговараат со Трамп

„Секој разговор со ѓаволот е стратешка грешка. Ракетите нека преговараат со американскиот претседател Доналд Трамп“, напиша Резаи на социјалната мрежа „Икс“. Тој ги повика САД да признаат пораз во конфликтот со Иран.

Манасиевски: За да остане на фотелјата Филипче одбра СДС да биде прокси партија по насока на Заев и Башановиќ

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изнесе серија обвинувања на адреса на раководството на СДСМ, тврдејќи дека партијата делува под надворешно влијание и со сериозни внатрешни слабости.

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски се однесувал како локален шериф

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски се однесувал како локален шериф обидувајќи се да се стави себеси над полицијата и законот. Имено, во 17:45 чaсот во кругот на ПС-Крива Паланка, додека униформиран

Половина од ваучерите за клими веќе се кај граѓаните – процесот тече непречено

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека процесот на подигнување на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди се одвива непречено и со засилена динамика на
Go toTop