Министерката за култура бара веднаш да се свика Комисијата за култура и да се усвои Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик

December 21, 2023
1 min read

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска јавно упати повик веднаш да се свика Комисијата за култура во Собранието и да се усвои Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик, порачувајќи дека македонскиот јазик не е и нема да биде прашање за преговори или компромиси.

Упатувам јавен апел до претседателот на Комисијата за култура во македонското Собрание, Кастриот Реџепи да ја активира работата на Комисијата и да обезбеди амандманска расправа за Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик.Секое одложување на овој процес е во директна спротивност со меѓусебното и меѓукултурно почитување на различните заедници во нашето општество. Јазиците се средство за комуникација, но и културно наследство и идентитетско обележје, а македонскиот јазик е прв официјален јазик на нашата држава. Неговата заштита, промоција и употреба е приоритет кој мора да биде обезбеден и испочитуван“, напиша на својата Фејсбук страница министерката за култура Костадиновска-Стојчевска.

Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик е изготвен и усогласен со Советот за македонски јазик, а во негова изработка учествуваше и пошироката стручна јавност. Носењето на новиот закон е поддржано од сите пратенички групи кои изразија подготвеност амандмански да учествуваат во неговата финализиција.

Министерката Костадиновска-Стојчевска на крај пишува:„Уште еднаш апелирам до претседателот на собраниската Комисија за култура, Кастриот Реџепи да покаже политичка одговорност кон македонските граѓани за важноста од донесувањето на овој закон“.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Магла на патот Хиподром-Петровец, во Повардаријето, во Битола, Прилеп, Кичево и Македонски Брод

Следно

САД: Се водат многу сериозни преговори за нов прекин на огнот во Газа

Latest from Blog

Навивач почина на стадионот каде што ќе се отвори Светското првенство

Навивач почина во саботата на новореновираниот стадион „Банорте“ во Мексико Сити откако падна од ложа кратко пред натпреварот за повторно отворање на стадионот, соопштија безбедносните претставници. Трагедијата се случила во објектот попознат

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и
Go toTop