Министерката Петровска потпиша договор за набавка на делови за воздухоплови од Чешка со кој за прв пат се донесе системско решение за целосна функционалност на македонското воено воздухопловство

December 15, 2023
1 min read

реклама


Министерката за одбрана Славјанка Петровска и чешкиот амбасадор Јарослав Лудва денеска во Министерството ја потпишаа Рамковната спогодба со која за прв пат во македонската историја системски се решаваат предизвиците со навремена набавка на резервни делови, поправка на делови и снабдување со потрошен материјал за потребите на транспортните хеликоптери Ми-8/17, хеликоптерите Бел 206 и авионите Злин 242Л.

Рамковната спогодба е во вредност од 5 милиони евра, а договорот е активен во следните пет години, односно до воведувањето во употреба на новите хеликоптерски платформи кои се планирани за набавка согласно Планот за модернизација на Армијата.

реклама

По потпишувањето на Договорот, изготвен по принципот Влада-со-Влада што ги иззема сите можности за каква било корупција во овој процес, министерката Петровска посочи дека овој ден е еден од најсветлите денови за македонското воено воздухопловство имајќи предвид дека тој овозможува навремена и брза испорака на какви било делови потребни за целосна функционалност на воздухопловите на Армијата на Република Северна Македонија.

„Военото воздухопловство се соочуваше со системски недостатоци во набавката и одржувањето на хеликоптерите и авионите, нешто што денеска се решава со Рамковен договор кој значи потполна функционалност на хеликоптерите и авионите во рамките на Армијата, сè до набавката и ставањето во употреба на новите хеликоптери за кои очекувам набрзо да се донесе и одлука“, рече министерката на средбата.

реклама

Петровска изрази задоволство од досегашната соработка со Чешката Република и со Воздухопловно-ремонтниот завод „ЛОМ-Прага“, кои во моментов вршат ремонт на два армиски транспортни хеликоптери.

Чешкиот амбасадор Лудва се заблагодари за одличната одбранбена соработка чиј резултат е овој договор и порача дека „ЛОМ-Прага“ е ремонтен центар кој функционира согласно највисоките стандарди на Алијансата.

реклама

„ЛОМ-Прага“ е компанија во чешка државна сопственост, во земја – членка на Алијансата што сериозно го олеснува процесот на проверка на квалитетот и ја гарантира валидноста на резервните делови. Оваа компанија по направената анализа од стручниот кадар во Министерството и во Генералштабот е издвоена како најсоодветна компанија за ваков вид на услуги. Министерството за одбрана има исклучително позитивни искуства во соработката со оваа компанија, особено во однос на ремонтот на два армиски транспортни хеликоптери кои треба да бидат вратени во земјата во првата половина на 2024 година.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еден загинат при превртување на чамец со нерегуларни мигранти во водите на Ла Манш

Следно

Премиера на првата професионална претстава „Инсомнија“ во продукција на НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“- Струга

Latest from Blog

Проданоски: Турскиот јазик е важен дел од културниот мозаик во Прилеп

По повод Денот на наставата на турски јазик, градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, упати искрени честитки до сите наставници, ученици и образовни работници кои ја негуваат и унапредуваат наставата на мајчин

Николоски: Со сложени зафати го решаваме најтешкиот дел од автопатот Охрид–Кичево

Со примена на сложени инженерски решенија кои за првпат се користат во регионот, ќе се доизгради автопатот Охрид–Кичево, најави Александар Николоски. Тој истакна дека се решаваат вкупно 16 косини, од кои на

Потенцијално нови наоди: Пронајден досега непознат влез во најмалата пирамида во Гиза

И илјадници години откако биле изградени, се чини, пирамидите во Гиза сè уште чуваат тајни. Нагласката на најновото истражување е кај Менкауровата пирамида – најмалото од трите зданија, кај коешто тим научници

Гоце Седлоски нов селектор на фудбалската репрезентација на Македонија

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на денешната седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски. Членовите на највисокото
Go toTop