Министерката најави намалена акциза, а бензинот и дизелот поскапуваат – во што е разликата?

July 20, 2026
1 min read

Во речиси исто време кога министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска преку Фејсбук објави дека Владата донела одлука за намалување на акцизата на нафтените деривати, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) соопшти дека од полноќ бензинот ќе поскапи за 3 денари, а дизелот за 6 денари по литар.

На прв поглед, информациите изгледаат контрадикторни, но станува збор за две различни работи. Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека од 21 јули во 00:01 часот ќе важат нови максимални малопродажни цени на горивата:

ЕУРОСУПЕР БС-95 – 90 денари за литар;
ЕУРОСУПЕР БС-98 – 92 денари за литар;
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 94 денари за литар;
Екстра лесно масло за домаќинство – 93 денари за литар;
Мазут М-1 НС – 45,373 денари за килограм.
Со новата одлука, бензините поскапуваат за 3 денари по литар, дизелот за 6 денари, екстра лесното масло за домаќинство за 7 денари, а мазутот за 3,205 денари по килограм.

Во меѓувреме, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска преку објава на Фејсбук информираше дека Владата на вонредна седница донела одлука за намалување на акцизата на нафтените деривати. Според неа, мерката има цел да ги ублажи последиците од кризата на Блискиот Исток, да придонесе за стабилизирање на цените на горивата и индиректно да влијае врз останатите цени во економијата.

Причината за поскапувањето и покрај најавите на министерската е тоа што акцизата е само еден од елементите што ја формираат конечната цена на горивото. РКЕ при пресметката ги зема предвид и движењето на цените на нафтените деривати на светските пазари, курсот на американскиот долар и другите елементи утврдени со методологијата за формирање на цените.

Доколку растот на набавните цени на нафтените деривати е поголем од ефектот што го има намалувањето на акцизата, конечната цена за потрошувачите сепак може да биде повисока. Со други зборови, намалената акциза не значи автоматски и поевтино гориво, туку може само да го ублажи поскапувањето што би било уште поголемо без таа мерка. Затоа, и покрај владината интервенција во акцизата, од полноќ возачите ќе плаќаат повисоки цени за бензинот и дизелот.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски: Заедно создадовме уште едно успешно издание на најзначајниот прилепски фестивал

Следно

Нетанјаху наскоро пристигнува во Њујорк- градоначалникот има намера да го уапси

Latest from Blog

ЛШ Полувреме: Мбапе и Валверде ги казнија грешките на Интер, Порто издржа против Сити (ВИДЕО)

Реал Мадрид има убедлива предност од 2:0 по првите 45 минути на натпреварот против Интер во воведното коло од Лигата на шампионите. Можеби резултатот не ја отсликува целосно сликата на теренот затоа

Остра реакција на Исланд поради објавата на Трамп- повикан на разговор американскиот амбасадор

Исланд го повика американскиот амбасадор во Рејкјавик на разговори откако претседателот Доналд Трамп објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледа Исланд и други земји под знамето на САД, објави исландскиот

Коњановски: Да продолжиме да ја градиме Македонија како земја на слобода и правда

БИТОЛА – По повод 35-годишнината од независноста на Македонија, денеска бројни делегации положија свежо цвеќе пред споменикот на НОАВМ во Битола. Почит на значајниот датум од македонската историја оддадоа градоначалникот на Општина

Британија сака да го санкционира Израел, од таму одговорија: Ќе ги признаеле Фокландските острови за аргентински

Реакцијата следеше по медиумските извештаи дека Лондон се подготвува да воведе нов пакет санкции против Израел. Остри одговори од израелските министри Министерот за финансии Безалел Смотрих побара итно протерување на британскиот амбасадор.
Go toTop