Министерка исмеана: Им предложи на граѓаните да јадат ротквици поради недостиг на зеленчук

February 23, 2023
1 min read

Британската министерка за животна средина Тереза Кофи денеска беше предмет на потсмев затоа што предложи граѓаните да јадат ротквици поради недостигот на овошје и зеленчук, особено домати и пиперки.

Поради недостигот, продавниците ги ограничија количините на овошје и зеленчук што им ги продаваат на купувачите поединечно, за да има доволно за сите.

Недостигот е последица на лошите временски услови во јужна Европа и северна Африка, од каде се увезуваат овошје и зеленчук, соопшти Британската федерација на трговци на мало.

Тереза Кофи денеска во парламентот изјави дека недостигот може да трае две до четири недели.

– Супермаркетите сè уште увезуваат премногу производи … Всушност, треба да јадеме повеќе сезонски производи и да ги поддржуваме нашите британски фармери, одговори Селен Саксби, пратеничка на британската владејачка Конзервативна партија.

– Важно е да ги негуваме специјалитетите што ги имаме во оваа земја, и одговори министерката и додаде дека многу луѓе треба „да јадат ротквици наместо да размислуваат за зелена салата, домати или слични работи“.

Министерката додаде дека разбира оти потрошувачите сакаат широк избор во текот на годината.

Нејзината изјава наиде на критики, поради што неименуван портпарол на британската влада застана зад неа велејќи дека сакала да ги истакне домашните производи.

– На крајот на краиштата, поединци треба да одлучат каква храна сакаат да купат, додаде портпаролот, нагласувајќи дека недостигот не е последица на повлекувањето на Велика Британија од Европската унија (Брегзит).

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јавниот долг на Албанија минатата година намален за 4,4 отсто

Следно

Продолжува расправата за избор на новите министри

Latest from Blog

Трамп ја враќа смртната казна со стрелање

Оваа одлука претставува пресврт во политиката што ја спроведува администрацијата на Џо Бајден, која постепено ја напушти употребата на смртната казна на федерално ниво, пишува CNN. Нови упатства на Министерството Во соопштението

СДСМ нема идеи, па лаже дека некои пратеници на ВМРО имаат бугарско државјанство

СДСМ во недостиг на идеи шират манипулации за двојни државјанства на пратеници, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. – И во 2021 година и денес СДСМ не престана со злоупотреба, со шпекулации,

Во Штип ќе се гради универзитетски центар за сајбер безбедност

Градот под исарот е локацијата каде ќе биде инсталиран Интегриран центар за безбедносни операции, кој ќе биде насочен на унапредување на сајбер безбедноста и дигиталната отпорност. На штипскиот Универзитет денес беше означен
Go toTop