Министер за одбрана на Германија: Нашата војска не е способна да се одбрани доколку биде нападната

March 2, 2023
1 min read

Новоизбраниот германски министер за одбрана Борис Писториус изјави дека германската армија не е подготвена да ја брани земјата во случај да биде нападната.

-Немаме вооружени сили способни да ја бранат земјата од брутална офанзива и агресивна војна, рече тој за време на состанокот со членовите на неговата Социјалдемократска партија (СПД).

Според него, германските вооружени сили (Бундесвер) немаат доволно луѓе или опрема благодарение на децениското запоставување од страна на сојузната влада.

Поради оваа причина, тој смета дека Германија ќе мора многу повеќе да инвестира во одбраната за да ги достигне неопходните стандарди на НАТО.

Највисоко рангираниот офицер на Бундесверот, генерал-полковник Алфонс Маис, ги потврди зборовите на Писториус, и рече дека ниту 100-те милијарди евра наменети за германската армија од канцеларот Олаф Шолц нема да бидат доволни за таа војска да биде способна за евентуална војна. .

Армин Папергер од „Рајнметал“, најголемиот германски воен добавувач, за медиумите изјави дека Германија во Украина транспортирала два од најважните одбранбени системи наменети за одбрана на главниот град Берлин. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Прокисна кровот на Правниот факултет, водата се собира со кофи (ВИДЕО)

Следно

Бектеши на ФБ: Производителите на леб имаат обврска да го произведуваат и да го стават во промет лебот со замрзната цена

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска за МИА: Буџетот останува насочен кон економски раст и поддршка

Нашиот фокус останува заштитата на животниот стандард на граѓаните и ребалансот нема да оди надвор од овие рамки, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за МИА во контекст на почнатите

Почнува јубилејниот Виноскоп 15: Градски парк ќе пулсира во ритамот на виното и музиката

Денес на Школка во Градски парк започнува јубилејното 15-то издание на Виноскоп-фестивал кој низ годините прерасна во препознатлив градски симбол на добро вино, квалитетна музика и урбано дружење под отворено небо. Од
Go toTop