Министер на египетското МНР: Официјалните посети на лидерите на Туркије и Египет ги развиваат билатералните врски

March 1, 2024
1 min read

АНТАЛИЈА (АА) – Египетскиот министер за надворешни работи, Самех Шукри, денес нагласи дека официјалните посети на лидерите на Туркије и Египет ќе имаат „силно влијание на унапредувањето“ на билатералните односи, известува Анадолу.

„Претходните состаноци на претседателот Реџеп Таип Ердоган и претседателот Абдел Фатах Сиси би требало да ја започнат новата фаза во односите меѓу двете земји’, рече министерот Шукри за Анадолу во текот на своето прво учество на Дипломатскиот форум Анталија во Туркије.

Тој изрази надеж дека јакнењето на односите на двете земји ќе помогне да се надвладеат предизвиците во регионот.

„Се надеваме дека ќе со придвижување на продуктивните односи ќе дојде до поголемо ниво на координација каде и двете земји, користејќи ги своите способности и својата големина, ќе влијаат на ситуацијата, на предизвиците што постојат во нашиот регион. Се надеваме дека ќе изнајдеме област на соработка и ќе можеме да имаме продуктивен дијалог за нашите интереси“, рече Самех Шукри.

Што се однесува на претстојната посета на Туркије од страна на претседателот на Египет, Шукри рече дека „датумот сѐ уште не е одреден“, напоменувајќи дека „претседателот се радува на можноста да биде во Анкара за да го продолжи дијалогот со претседателот Ердоган“.

Министерот Шукри нагласи дека „налетот воспоставен со официјалните посети дефинитивно ќе влијае на промоцијата на односите и на стекнување на свеста за нивното значење на ниво на јавно мислење и на поттикнување на претприемачите од двете страни да продолжат да ги истражуваат можностите што постојат и да ја искористат нивната целосна предност“.

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, на 14 февруари престојуваше во Каиро, во историска официјална посета, во рамките на континуираните напори да се развијат билатералните односи.

Тоа беше прва посета на турскиот претседател на Египет од 2012 година.

Во јули минатата година, Туркије и Египет го издигнаа нивото на дипломатските односи и именуваа амбасадори.

Врските меѓу двете земји беа на ниво на вршители на должност од 2013 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Не се плашиме“ – илјадници луѓе на погребот на Навални

Следно

ЕУ одвои дополнителни 68 милиони евра помош за Палестинците

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop