Минималната плата за 2025 година ќе се зголеми за 1,812 денари во нето износ

March 25, 2025
1 min read

Владата на денешната редовна 63-та седница, на која беа усвоени низа важни мерки насочени кон зајакнување на економската стабилност, подобрување на јавните услуги и зголемување на транспарентноста во владеењето. Овие одлуки ја одразуваат заложбата на Владата за постигнување конкретни резултати, велат во соопштение од Влада.

Во однос на истото, од Владата ја информираат јавноста дека на денешната седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за утврдување на минималната плата за 2025 применувајќи ги законски утврдените критериуми, каде минималната плата за 2025 година ќе бележи пораст од 2,685 денари во бруто износ, односно 1,812 денари во нето износ. Владата континуирано продолжува да го подобрува животниот стандард на граѓаните преку стабилен раст на економијата.

Исто така на денешната седница на Владата, се усвоија предлозите за измени и дополнувања на седум закони кои се во надлежност на Министерството за транспорт. Имајќи ги предвид последните трагични случувања, сѐ има за цел вршење на почести контроли на сите иматели на лиценци, дозволи и одобренија односно овластувања. Имајќи предвид дека се издаваат многу лиценци, одобренија, дозволи или овластувања од страна на Министерството за транспорт овие законски измени имаат за цел да предвидат законска обврска двапати годишно да се врши таа проверка на сите иматели на лиценци издадени согласно Закон. Тоа секако не ја исклучува можноста да се вршат повеќе контроли односно почести од предвидените со закон, се со цел обезбедување на квалитетни услуги и сигурност на граѓаните кои се корисници на тие услуги од лицата иматели на лиценци. 

Дополнително, законските измени предвидуваат за следните контроли жалбата да не го одлага извршувањето односно суспензијата ќе оди веднаш.

Овие активности ја потврдуваат посветеноста на Владата за вистински, конкретен напредок кој има за цел да го подобрува секојдневниот живот на граѓаните. Ставајќи приоритет на ефикасноста и долгорочниот развој, Владата останува посветена и ќе продолжи да ја информира јавноста за секој преземен чекор.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Сопствениците на дискотеки, кабареа и хотели потпишувале нотарски изјави дека објектите исполнуваат минимални технички услови

Следно

Во израелски воздушен напад врз Газа погодена станбена зона

Latest from Blog

Најмалку десет мртви, повеќе од 20 повредени во експлозија во џамија во Нигерија

Најмалку десет лица загинаа денес кога, според нигериските власти, бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа за време на молитва во џамија во градот Мајдугури, главниот град на државата Борно во Нигерија, изјавија безбедносни

,,Доктор Филипче потпиша евтаназија на СДСМ‘‘

„Македонското законодавство познава убиство од небрижност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само)убиство со умисла!‘‘. Оваа порака со која поранешниот градоначалник на Скопје и висок функционер на СДСМ, Петре Шилегов

Зидан се појави на КАФ за да навива за својот син кој брани за Алжир

Легендарниот француски фудбалер, Зинедин Зидан, беше присутен на трибините на стадионот „Мулај Ел Хасан“ во Рабат на натпреварот меѓу Алжир и Судан на Купот на африканските нации. Причината е тоа што неговиот

Песков: Преговорите за Украина треба да се водат зад затворени врати

Руската страна сè уште верува дека преговорите за решение на конфликтот во Украина треба да се водат зад затворени врати, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков. Во својата изјава за РБЦ,
Go toTop