Мини-роботи како безболна замена за колоноскопијата

September 18, 2025
1 min read

Британски научници развија иновативна технологија којашто би можела да го промени начинот на дијагностицирање и лекување на ракот на дебелото црево – една од најсмртоносните болести на нашето време. Станува збор за „мини-роботи“ во капсули – големи колку паричка, направени со 3Д-печатење, коишто се движат низ дигестивниот тракт и прават тродимензионални слики од ткивото во реално време, објави Универзитетот на Лидс.

Ракот на дебелото црево е втора најчеста причина за смрт од рак во светот. Најголемиот проблем е што болеста често се открива доцна, кога можностите за лекување се ограничени. Затоа секоја иновација што ја забрзува и поедноставува дијагностиката е од огромно значење, а новата технологија „претставува чекор кон иднината во којашто раното откривање нема да се сведе на непријатни и инвазивни процедури“, нагласуваат авторите на студијата. Роботите се движат низ цревата со помош на надворешно магнетно поле контролирано од лекари. Нивната способност е прецизно да ја мапираат внатрешноста на цревата и тоа дава увид во можните промени што можеби укажуваат на рана фаза на рак, објави „Медскејп“ (Medscape).

Тоа значи дека, за разлика од класичните методи, оваа технологија нема да опфаќа непријатни прегледи како што е колоноскопијата.

„Целта е да им се обезбеди на пациентите безболен, брз и точен преглед што ќе овозможи болеста да се открие рано… Ракот на дебелото црево е болест што можеме да ја победиме само ако ја откриеме навреме“, нè потсетуваат британските лекари и истражувачите од британскиот Универзитет, кои стојат зад научниот проект.

Инаку, првите тестови врз животни веќе покажаа охрабрувачки резултати – роботите успешно се движат низ цревата и со голема прецизност ги бележат промените во ткивото.

Следната фаза се клиничките испитувања врз луѓе, коишто според планот на тимот, би можеле да почнат во текот на следната година. Доколку се потврдат очекувањата, оваа технологија би можела да стане составен дел од рутинските прегледи и да ја замени класичната колоноскопија. Покрај 3Д-снимањето, роботите во иднина би можеле да бидат опремени и со алатки за земање примероци или дури и насочено доставување лек директно во заболеното ткиво. Ова би отворило можности за персонализирана терапија и значително би ја намалило потребата од хируршки зафати. Затоа, иновации како оваа даваат нова надеж дека прегледите ќе бидат побрзи, побезболни и многу поделотворни во иднина.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Просечните концентрации на PM₁₀ честички се во рамките на дозволените граници

Следно

Меџити тврди: Кандидатурите на Левица во албанските средини се усогласени со ДУИ

Latest from Blog

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската

Нештетно уништени 22,3 тони киви за преработка

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на киви наменети за индустриска преработка, соопшти Агенција за

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука
Go toTop