Минчев: Укинувањето на балансерот не е ризик за дестабилизација во државата

October 19, 2024
1 min read

Во вчерашното гостување на Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во емисијата „Трилинг“ на ТВ24, се дискутираше за актуелните прашања во врска со европските интеграции на Република Македонија, промените во Уставот, како и новите законски решенија за правична застапеност.

„Нема сила која може да го натера македонскиот народ да каже дека постои од 1945 година. Нема сила која може да го натера македонскиот народ дека има заедничка историја со Република Бугарија. Нема Македонец кој може да прифати дека Гоце Делчев е Бугарин. Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ, но таму сакаме да влеземе како и сите други – со дигната глава, според Копенгхашките критериуми, базирани на европските начела за еднаквост и рамноправност, бидејќи досега Македонија во рамки на 30 години постоење, направи доволен број на отстапки и жртви. Потенцираше дека се неопходни гаранции од ЕУ, дека внесувањето на бугарскиот народ во Уставот ќе биде последното барање.

Во врска со „Балансерот“, Министерот Минчев изјави:

„Балансерот беше предмет на злоуотреба. Ние како министерство, од самиот почеток укажувавме на таа злоупотреба и нашиот став беше дека тој треба постепено во фази, како дигитална алатка, да биде укинат. Тоа го направи Уставниот суд. Гаранција за етничката припадност и нивното вработување во јавната администрација не може да биде ниедна институција, ниту било кој државен орган. Јас тука тргнувам обратно, сосема по друг пристап. Значи гаранцијата за секое вработување на припадниците на сите етнички заедници, мора да се темели на стручност, знаење и квалитет. Можноста да конкурира секој за секое работно место е уставно право“

На прашањето за можните граѓански немири, тој додаде: Тоа е еден популизам од страна на опозициската партија ДУИ. И повторно ќе се навратам, зошто немаше тензии од 2001 до 2015 година. Постоеше ли тогаш „балансер“? Не.

“Ова што го прави ДУИ, кој постојано го држи општеството во тензија дека нешто ќе се случи, дека ќе се протестира, дека ќе се наруши безбедноста, го нарекувам со работен наслов „ДУИ против ДУИ“. Во рамки на Националната стратегија за реформи на јавната администрација за 2023-2030 година, ДУИ и нивните министри во тогашната Влада констатираа дека “Балнсерот” се злоупотребува и донесоа одлука дека тој треба да биде укинат.” – изјави на крајот министерот Минчев.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

ПИЈАНО РЕЦИТАЛ И КОНЦЕРТНА ПРОМОЦИЈА НА АЛБУМ ВЕЧЕРВА НА СКОПСКИОТ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ

Следно

Минчев: Неопходни се гаранции, во ЕУ сакаме да влеземе со дигната глава

Latest from Blog

Експлозија на бомба ги разбуди граѓаните на Сараево- оштетени возила пред казино

На плоштадот ЗАВНОБИХ во сараевската општина Нови Град ноќеска околу 23:15 часот се случила експлозија, вознемирувајќи ги жителите на населбата Алипашино Поље, објави Ослобоѓење. Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон потврди

Пожар во продавница во Мексико, повеќе од 20 загинати

Во пожар што вчера избувна во продавница во северозападниот мексикански град Хермосиљо загинаа повеќе од дваесет лица, објавија локалните медиуми. „Моето искрено сочувство до семејствата и најблиските на оние што ги загубија

Ретроградниот Меркур во ноември носи компликации: Пет знаци на удар!

Со оглед на тоа колку е моќна планетата Меркур, сите хороскопски знаци би можеле да го почувствуваат неговото негативно влијание врз комуникацијата, технологијата и односите со минатото. Ретроградниот Меркур секогаш носи одредена

До 11 часот гласале 10, 1 проценти од гласачите на вториот круг од локалните избори

Излезеноста на гласачите до 11 часот на вториот круг од гласањето за градоначалници, како што соопшти Државната изборна комисија, изнесува 10,1 проценти согласно податоците добиени од 1276 избирачки места или 92, 94
Go toTop