Милошоски: СДС нема проблем со мигрантите во Македонија бидејќи не постојат, има проблем со партиските мигранти кои им бегаат во други партии

December 11, 2025
1 min read

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Интервју“ вечерва гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски кој истакна дека Македонија и Велика Британија имаат потпишено договор за инвестиции, соработка и проекти, нагласувајќи дека Венко Филипче ја користи оваа тема за шпекулации со цел да се прикрие слабоста на политичката партија СДС.

-Македонија и Британија имаат потпишано договор за инвестиции, за соработка, за проекти, и нема ниту од една страна наметнато тема којашто опфаќа мигранти. Тема е којашто полесно може да се манипулира, и мислам дека кај СДС особено кај претседателот на СДС, Венко Филипче темата мигранти има двојна улога. Тој како претседател на СДС, се соочува со свои партиски мигранти коишто бегаат во други политички опции, затоа што гледаат дека СДС ја губи влијателноста којашто ја имала пред 5 или 10 години, и сега го советуваат дека оваа тема можеби треба да ја искористи за покривање, рече Милошоски и додаде:

„Има и една трета разлика, ниеден член високо рангиран на ВМРО-ДПМНЕ не излегувал со натписи како што излегуваше тогашната активистка на СДС, Мерсиха Смаиловиќ. Бројот на азиланти коишто имаат добиено статус на бегалец во Македонија е вкупно 14 лица, од коишто 9 лица се државјани на Косово, 3 лица се државјани на Конго, и 2 лица се државјани на Сирија, 14 лица се исто така членови на извршниот одбор на СДС коишто си поднесоа оставка на барање на Филипче, можеби оваа симптоматичност е случајна, но сепак самиот Филипче, неговиот извршен одбор којшто брои 14 луѓе зборува за мигранти а во моментов статус на бегалци, азиланти во Македонија има 14 лица. Гледам дека оваа тема на крајот до Март или Април единствено што може, да му послужи на Венко Филипче, темата извршен одбор на СДС да ја покрие со нешто друго“.

Милошоски потенцираше дека граѓаните треба да бидат спокојни бидејќи до Македонија нема стигнато ниту едно барање а доколку има, истото категорично би било отфрлено, со што заклучи дека оваа тема е манипулативна политичка тема со цел Венко Филипче да ја прикрие слабоста и празноста на политичката партија, која се соочува со дефицит на кадар, луѓе и идеи.

-До Македонија нема стигнато било какво барање или било каква тема не е наметната од Британија на тема мигранти, и дури кога би стигнало категорично би било отфрлено. Јавноста може да биде спокојна и мирна, темата мигранти е манипулативна политичка тема, којашто претседателот на СДС, Венко Филипче ја злоупотребува, за да може да ја покрие слабоста и празноста на неговата партија, нема идеи, нема кадар, нема луѓе за тв-дебати, мора да весла на некоја тема со којашто ќе се одржи барем до Февруари-Март следната година, дециден е Милошоски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Линд одбива да продава чоколадо во дисконтите Алди и Лидл

Latest from Blog

Новогодишната магија ја обои Битола: улиците и плоштадите во блесок

Битола и кажа добредојде на новогодишната магија. Претпразнично блеснаа улиците, плоштадите, сцените каде и годинава ќе се случува „Зимската приказна“. Нова светлина, нова енергија, нова радост за граѓаните на Битола и сите

На штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ во прва година студираат 180 активни странски студенти

Околу 180 активни студенти во прва година од странство има оваа академска година на Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД) во Штип. Ректорот на УГД –Штип, Дејан Мираковски вели дека студентите од Турција и годинава
Go toTop