Милошоски: Реакцијата на полицијата за чествувањето на Гоце Делчев покажува дека Владата е уплашена од граѓаните

February 3, 2023
1 min read

За ваков настан како чествувањето на Гоце Делчев и со големото полициско присуство се покажува едно нешто дека македонско-бугарските односи се на најниското можно ниво. Кога се потпишуваше Договорот за добрососедство предупредувавме дека истиот има суштински недостатоци, но власта беше прилично арогантна и го потпиша. Тогаш власта уверуваше дека тој документ ќе донесе само добри работи како инвестиции, трговија, инфраструктурни проекти, за денес да видиме дека односите се на толку ниско ниво и да мора заеднички со полициски сили да се координираат и да бидат на терен за да се обезбеди едно чествување на Гоце Делчев што зборува за апсурдноста на Договорот, рече Антонио Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО – ДПМНЕ на вечерашното гостување во емисијата Што не е јасно што се емитува на телевизија Алфа.

Ваквиот настан, вели тој, веќе преминува во еден вид на пародија.

„Власта можеби има интенција да уплаши дел од граѓаните, но по однос на тоа како реагира полицијата укажува дека власта е уплашена од граѓаните, спонтаното собирање и нивните реакции кон власта“, посочи Милошоски.

Сите анкети, укажа тој, говорат за незадоволство на граѓаните од власта, Владата, од тоа што сервилно се поставуваат кон официјална Софија, ги задушуваат спонтаните изблици на почитување на одредени македонски настани и сакаат секое чествување да е под целосна контрола на власта. До сега, рече Милошоски, немало случај да има инцидент на чествувањето на Гоце Делчев.

„Според мене има добри законски основи кои се исполнуваат во дадениов случај на 10-тина бугарски државјани да им се забрани влез бидејќи дејствуваат спротивно на интегритетот, националната безбедност па и на меѓународните односи кои сака да ги гради државата, но не се знае дали државата ќе преземе нешто, а требаше тоа да го стори и порано. На пример на отворање на бугарскиот клуб во Скопје присуствуваа повеќе официјални лица од Бугарија и тогаш дадоа слични изјави како што ги даваа и пред неколку недели и по тој настан премиерот Ковачевски кажа дека бугарскиот пратеник Костадинов е непожелна личност, и се сопре на ова. Бугарскиот пратеник дојде повторно и се беше речиси исто, затоа треба да се реагира навреме и соодветно“, заклучи Милошоски.

Оттука, тој укажа, дека треба да реагира министерството за правда и да постапува за бугарските клубови, бидејќи и во Собранието донесовме измени и соодветни законски норми.

„Ова е резултат на тоа што власта не сака да слуша. Не слушаше кога предупредувавме кога се потпишуваше Договорот. Владата потпиша асиметричен Договор и ова е последицата која ја имаме. Сега дојдовме во ситуација Македонија да биде гледана како непримерен актер во регионот и за истото да биде обвинувана во Брисел. Власта со несоодветното однесување ја доведе Македонија да изгледа како сторител и земја која не ги почитува човековите права, а тоа не е точно “, кажа Милошоски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

САД најавуваат 2,2 милијарди долари за ново оружје и муниција за Украина

Следно

Протест на српските млекопроизводители пред Министерството за земјоделство

Latest from Blog

Мицкоски разочаран од новото раководство на СДСМ

Премиерот Христијан Мицкоски не е импресиониран од новото раководство на опозициската СДСМ и смета дека нема да бидат конструктивна опозиција. – Ние не може да кажеме какво раководство треба да има СДСМ,

Палестинците принудени да мигрираат поради нападите на Израел, се борат со дождот и студеното време

ДЕИР БАЛАХ / ХАН ЈУНИС (АА) – Палестинците бегајќи пред израелските напади, живеат во импровизирани шатори. Со доаѓањето на студениот бран, Палестинците во шаторските населби во градовите Хан Јунис и Деир Балах

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Убедена сум дека ќе го вратиме статусот, угледот, кредибилитетот, поддршката и победите на единствената државничка партија во Македонија – нашиот Социјалдемократски сојуз на Македонија, порача новата Заменичка-претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија,
Go toTop