Милошоски: Ја охрабруваме власта да ги достави уставните измени до Собрание и конечно да види дека уставни измени нема да има

July 7, 2023
1 min read

„Власта уште од февруари месец најавува дека Уставните измени ќе влезат во Собрание па потоа кажуваа дека ќе биде март па мај за да конечно кажат дека ќе ги испратат за две недели до Собрание. Желбата на ВМРО-ДПМНЕ е што побрзо власта да ја поднесе иницијативата за да видат самите дека нема уставни измени и дека таа иницијатива нема да успее“, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во вечерашното гостување во Централниот Дневник на Телевизија Сител во „Тема на денот“.

Тој додаде дека навремено ја предупредиле власта дека ваквата обврска за измена на Уставот која ја прифатиле нема да помине и апелираме власта што побрзо власта да ја внесе оваа иницијатива за да може што побрзо да се види дека нема да помине.

„Ние гледаме дека Владата е исплашена од зборот предвремени избори. Власта не може да избега од избори бидејќи и редовните доаѓаат за брзо време и единствено темата за уставни измени ја држи Владата во живот затоа што нема друга тема“, кажа Милошоски.

Тој потенцираше дека власта се обидува да избегне од темата инфлација, намалување на животен стандард, незадоволство на пензионерите, немање учебници, не функционирање на системот, делегитимиран републички судски совет и преку темата Уставни измени Владата се одржува во живот која ќе ги покрие реалните теми на граѓаните.

„ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период имаше сериозна комуникација во Брисел, Берлин , Вашингтон и други места и нашата порака е дека ние нудиме план за надминување на овој проблем и тој план и го понудивме и на власта. Тој план е да направиме Влада без ДУИ, да одиме со одложено дејство на Уставни измени за да имаме гаранција дека нема повеќе блокади и да ги поврземе со датумот за членство во ЕУ за да Бугарија наместо да блокира да биде дел од евроинтегративниот процес. Понудивме исто така да одиме на предвремени избори и победникот кој ќе победи на тие избори да има обврска да формира Влада без ДУИ и опозицијата да му даде поддршка и подобра перспектива за евроинтеграциите“, дециден е Милошоски.

Тој истакна дека за разлика од Владата кое ова не го прифаќа, меѓународните соговорници имаат поголемо разбирање иако јавно не секогаш тоа го објавуваат сепак гледаат дека опозицијата има реален план кој ќе значи надминување на проблемот создаден од Бујар Османи, Бојан Маричиќ и Ковачевски.

„Доколку има политичка волја во рамки на Европската Унија и национален консензус во Република Македонија тогаш е возможно Македонија да го следи примерот на Словенија и Хрватска каде тие се договорија нивната меѓународната арбитража да важи по влезот во Европската Унија“, заклучи Милошоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Испраќањето касетни бомби е тешка одлука, но потребни ѝ се на Украина, вели Бајден

Следно

Мејсон Гринвуд ќе оди на позајмица во Аталанта

Latest from Blog

Мирно е утрово пред Собранието на Србија по синоќешните инциденти, полицијата ноќеска привела 37 луѓе

Мирно и без инциденти беше во текот на ноќта и утрово во центарот на Белград пред српскиот Парламент каде што од синоќа реагираа стотици полицајци во опрема за разбивање демонстрации со обиди

Единствениот преживеан во авионската несреќа на Ер Индија во која загинаа 241 лице: „Не сакам да разговарам со никого“

Единствениот преживеан од падот на авионот на „Ер Индија“ во кој загинаа 241 лице изјави дека се чувствува „најсреќниот човек на светот“, но исто така е во силна физичка и ментална болка.

Денес е преподобен Иларион Велики

Како што розите растат на трнливо стебло така и овој прекрасен светител се роди од родители незнабожци, во селото Тавата близу Газа Палестинска. Родителите го дадоа на науки во Александрија, каде што

ВРЕДИ: Со еден глас, Албанците го запечатија крајот на ерата на Ахмети

Изборите што ги нарекоа „референдум“ завршија како политички суд против оние што го држеа албанскиот народ како заложник 23 години со лаги и измами. Граѓаните јасно проговорија дека времето на манипулаторите е

Фото: Емилија Кларк во проѕирен фустан на првиот црвен тепих по повеќе од една година

По повеќе од година и пол отсуство од јавноста, Емилија Кларк се врати на црвениот тепих со стил. Ѕвездата од „Игра на тронови“ изгледаше зачудувачки во проѕирен фустан на „Глобал Гифт Гала
Go toTop