Милионски зделки на Ахмети со Мијалков и Вучиќ, обвинува ВЛЕН

September 28, 2025
1 min read

Коалицијата ВЛЕН излезе со нови обвиненија кон лидерот на ДУИ, Али Ахмети, тврдејќи дека неговото семејство посредувало во сомнителни финансиски трансакции поврзани со Сашо Мијалков и српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Доказите покажуваат јасна линија – Мијалков, поранешен шеф на ДБК, на 24 октомври 2024 година и продал акции на компанијата АС Сенјак на семејството на Али Ахмети. Истите акции, неполна година подоцна, на 17 септември 2025 година, семејството на Ахмети му ги продало на белградската Алта банка, институција директно поврзана со режимот на Вучиќ“, соопшти ВЛЕН.

Од коалицијата обвинија дека ова претставува „финансиски лавиринт тежок повеќе од 20 милиони евра“, во кој ДУИ и семејството на Ахмети играат улога на посредници меѓу Мијалков и српскиот финансиски капитал.

 

„Сега е јасно – семејството на Али Ахмети директно, а ДУИ индиректно, станаа партнери на Мијалков и Вучиќ. Со тоа се внесува српското влијание во Македонија и преку банкарскиот систем. Ахмети и неговото семејство ја ставаат државата и Албанците во финансиска и политичка зависност од Белград,“ велат од ВЛЕН.

Според нив, молкот на Ахмети и ДУИ е доказ дека зад патриотската реторика стојат „криминал, корупција, лични интереси и врски со антиалбански структури во регионот“.

„ДУИ не е повеќе партија што ги брани интересите на Албанците, туку приватна компанија на Али Ахмети за криминал и семејно богатење. Маските паднаа – започна времето на вистината,“ се наведува во соопштението на ВЛЕН.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓорѓиевски: Без жената нема иднина, таа е срцето на секое семејство

Следно

Г.г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си

Latest from Blog

ХРАНА: Во американско-израелските напади во Иран се убиени над 3.000 луѓе

Помеѓу загинатите најмалку 1.319 се цивили од кои 206 се деца, соопшти ХРАНА повикувајќи се на податоците добиени од активистичките мрежи во Иран и од информации од здравствениот сектор. Според ХРАНА, убиени

Зимски циклон со центар над Јонско море следната недела ни носи заладување, дожд и снег

По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море,
Go toTop