Милевски кажа што мисли за одлуката на Стефан Ристовски

August 30, 2023
1 min read

На прес-конференцијата која се одржа во просториите на Фудбалската федерација на Македонија,, селекторот на нашата фудбалска репрезнтација Благоја Милевски го објави списокот за продолжувањето на евро-квалификациите.

Сепак, Милевски доби прашање поврзано со Стефан Ристовски, кој одби да настапува за националниот тим поради одредени несогласувања со стручниот штаб.

Капитенот на Македонија пред две недели јавно проговори за проблемите во националниот тим и рече дека привремено го „замрзнува“ своето учество во таборот на „рисовите“. Селекторот изјави дека отпатувал во Загреб и разговарал со Ристовски, но неговата одлука останала непроменета.

„Мојата почит е огромна за сите репрезентативци. Јас отидов во Загреб да разговарам со Стефан и мојата идеја е да тој да остане лидер и капитен на тимот. Разговорот беше конструктивен, иако имавме различни мислења за некои работи. За жал, тој нема да биде дел од репрезентацијата, но тоа не значи дека мојата почит за него ќе се изгуби.

Единствено што ме разочара е дека за сето тоа дознав преку социјалните мрежи, но во секој случај, ја почитувам неговата одлука и ќе се обидеме да се спротивставиме на противниците со сите расположливи сили“, рече селекторот.

Македонија се подготвува за тешкиот квалификациски дуел против репрезентацијата на Италија. „Рисовите“ ќе истрчаат на теренот без капитенот Ристовски и ќе се обиде да се прикаже во добро светло против актуелниот европски шампион.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Над 10 000 места за бруцоши на УКИМ, уписите се денеска и утре

Следно

Турскиот министер за надворешни работи, Фидан, во посета на Русија

Latest from Blog

Ватикан бара од Трамп итно запирање на воените дејствија во Иран

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, денеска упати необично директен и остар повик до американскиот претседател Доналд Трамп за што побрзо завршување на војната во Иран, истовремено барајќи од Израел да

Средба на Сиљановска-Давкова со словачката европратеничка Мириам Лексман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија. На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што претседателката истакна

Херојот од Кочани доби спомен-обележје: во кобната ноќ возеше повредени, почина наредниот ден

Во чест на Илчо Гоцевски, возачот на Итната медицинска помош кој превезуваше повредени во огромниот пожар во Пулс во Кочани, денеска беше откриено спомен-обележје. Тој почина по исцрпувачката работа, на 17 март
Go toTop