Милевски го објави списокот на репрезентативци за Саудиска Арабија и Лихтенштајн

August 27, 2025
1 min read

Селекторот Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери кои ќе настапат за македонската репрезентација на претстојните натпревари против Саудиска Арабија на 4 септември и Лихтенштајн на 7 септември.

На списокот се најдоа четворица голмани: Столе Димитриевски, Дејан Илиев, Дамјан Шишковски и Игор Алексоски.

Во одбраната повикани се Дарко Велковски, Езѓан Алиоски, Никола Серафимов, Андреј Стојчевски, Висар Муслиу, Бојан Илиевски, Гоко Зајков и Стефан Деспотовски.

 

Средниот ред го сочинуваат Енис Барди, Јани Атанасов, Елиф Елмас, Исник Алими, Лука Станковски, Тихомир Костадинов и Решат Рамадани.

За нападот селекторот ќе смета на Бојан Миовски, Милан Ристовски, Дарко Чурлинов, Александар Трајковски, Лирим Камиљи, Елмин Растодер и Димитар Митровски.

Натпреварите ќе бидат добра подготовка за националниот тим во пресрет на следните квалификациски предизвици, а навивачите очекуваат нови победи од „црвено-жолтите“.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општините профитираат од рударството: 78% од концесиските средства остануваат во локалните каси

Следно

Лефков: Сопругата на Апасиев фалсификувала биографија, кога лажат за тоа, за што се ќе го лажат народот?

Latest from Blog

„Булмак 2016“ со четиригодишен проект за развој на детскиот спорт во Пробиштип

Спортот има клучна улога во правилниот психофизички развој на секое дете. Преку иницијативата Кошарка за секое дете во Пробиштип веќе се создаваат нови можности за најмладите да спортуваат бесплатно и да градат

Тоневски: Четвртоодделенците од „Никола Карев“ поставуваа прашања за работата на Општина Пробиштип

Ученици од четврто одделение при ООУ „Никола Карев“ ја посетија Општина Пробиштип и одблизу се запознаа со работата на градоначалникот, општинската администрација и надлежностите на локалната самоуправа. Во разговорот со градоначалникот Тони

МЕПСО инвестира во иднината на енергетиката: Се подготвува зајакнување на мрежата во југоисточниот регион

АД МЕПСО продолжува со реализацијата на стратешките активности за модернизација на електроенергетската инфраструктура во Македонија. Денеска генералниот директор на компанијата, доц. д-р Бурим Љатифи, потпиша договор со Никола Битрак, извршен директор на

Проданоски: Обезбедивме 10 телевизори за собите во Домот „Киро Крстески – Платник“

За собите во Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во Прилеп се обезбедени 10 нови телевизори во соработка со Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопшти градоначалникот Дејан Проданоски по посетата на

Коњановски: Битола и Турција ќе ја продлабочуваат соработката во економијата, културата и туризмот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска се сретна со новиот турски амбасадор во Македонија, Алпер Акташ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во економијата, културата и туризмот. Коњановски
Go toTop