Милчо Манчевски и Агенцијата за филм „прогласија примирје“

August 1, 2025
1 min read

Во Старата скопска чаршија во Даут пашин амам, вечерва, се одржа ноќно снимање за филмот „Збогум Копакабано“ во режија на Милчо Манчевски, во продукција на „Банана филм“. Како што изјави режисерот Манчевски, отпочнувањето со снимање на овој филм претставува еден вид мала победа против филмската мафија, корупцијата и местењето на филмски конкурси, бидејќи, нагласи, две и пол години филмот „Збогум Копакабано“ беше „забранет“ од Агенцијата за филм.

– Многу сум задоволен од снимањето на овој филм, прво со самото тоа што се снима овој филм кој две и пол години беше забранет од Агенцијата за филм од тогашното раководство. Една мала победа во борбата против филмската мафија, против местење на конкурси, корупција, крадење на државни пари. Имаме две правосилни пресуди против Агенцијата за филм и се промени раководството во Агенцијата и верувам дека увидоа дека тоа што го правеа беше незаконски. Судот им кажа дека тоа што го правеа беше незаконски, рече Манчевски.

Вели филмот ќе биде посмешен за разлика од неговите претходни. Како што појасни, се работи за еден вид комедија, но и тажна приказна за брат, сестра и шахта. Никогаш не работам со однапред зададена агенда, рече Манчевски, односно задачата ми е да раскажам приказна. Неговиот интерес, вели, се заплетот и луѓето.

– Мене ме интересира заплетот, ме интересираат луѓето. Е сега, работејќи на тоа, кога работиш две, три, пет години кога-како, ако е добар процесот и ако има синергија со соработниците, а овој пат имам феноменални соработници и меѓу глумците и меѓу екипата, вредните работи, темите или ако сакате пораките, сами испливуваат на површината и стануваат и поинтересни и повидливи и порелевантни, рече Манчевски.

Актерот Јордан Симонов во изјава за медиумите истакна дека ова е негова четврта соработка со Манчевски, која како што рече, претставува еден вид врв на нивната соработка.

– Сум работел претходно во „Before the rain“, во „Dust“, во „Сенки“ и сега ова го гледам како еден вид врв на соработката. Секое снимање филм е посебно доживување, тоа носи посебна енергија и магија, а луѓето и актерите кои што работат во него ја чувствуваат таа енергија … Во овој филм имам поголема задача, на пример, втора работа, како да ви кажам, само тоа што имам позначајна задача во филмот, одговорноста е поголема. Така што се надевам дека го постигнав она што требаше да се постигне, го доловив ликот на Панче Герамида, еден транзиционен јунак кој ги чувствува сите тешкотии од транзицијата, она што сите го чувствуваме живеејќи во Македонија 30 години, истакна Симонов.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Возач на 59 години и две сопатнички на 55 и 71 години се загинатите од Тетово во сообраќајната несреќа

Следно

Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност

Latest from Blog

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

Поранешниот извршен директор на Гугл, Мет Бритин, е новиот генерален директор на Би-Би-Си

Тој ќе го замени Тим Дејви, кој ја објави својата оставка по контроверзноста околу програмата Панорама и говорот на американскиот претседател Доналд Трамп. 57-годишниот Бритин, кој ги водеше операциите на Гугл за

СДС е „кукла на конци“ под диктат на Заев, со пропадната ПР стратегија од Башановиќ и Шчекиќ, Филипче е без кредибилитет и ја води партијата кон исчезнување

СДС како партија е „кукла на конци“, која се движи според агенда поставена од други, наместо од сопственото членство или јавностa, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Сали во посета на студентскиот дом „Пелагонија“: разговарано за итната потреба од подобрување на стандардот и условите за сместување

Денес, Првиот заменик-претседател на Владата на Република Северна Македонија, заедно со заменик-министерот за образование, Дритон Сулејмани, реализираа посета на студентскиот дом „Пелагонија“. За време на посетата, тие одблиску се запознаа со условите
Go toTop