МИХАИЛ РЕНЏОВ ОД СЕКАДЕ НОСЕШЕ КАМЕН И ВО СВОЈОТ ДВОР ВО НЕРЕЗИ ГО ЅИДАШЕ ЅИДОТ НА ПОЕЗИЈАТА, РЕЧЕ ГОРДАНА МИХАИЛОВА-БОШНАКОСКА НА КОМЕМОРАЦИЈАТА ЗА ПОЕТОТ

October 21, 2024
2 mins read

Михаил Ренџов беше народен поет, немаше место каде ќе одиме заедно да на настан, а луѓето што доаѓаа да го слушаат него, и не само да го слушнат, туку и да ја кажуваат неговата поезија. Затоа беше народен поет, рече поетесата Гордана Михаилова-Бошнакоска на денешната комеморација за еден од најреномираните македонски поети, прозаист и преведувач кој на 88 години почина на 8 октомври.

„Михаил Ренџов беше мој не долгогодишен пријател, туку децениски, мој соборец и критичар. Неговиот стих дишеше со душата на македонскиот народ, на македонското благословие, македонското христијанство, македонската вера. Неговотo Нерези беше светото место на неговиот живот, на неговата поезија. Тој знаеше да шета по Македонија, по Балканот, да ги посетува христијанските земји и од секаде носеше камен. Во една прилика кога беше во Галичник, си замина со торба полна камења на грбот. Тој го ѕидаше ѕидот на поезијата во својот двор во Нерези. Секој камен во тој ѕид е нова песна, ѕид од песна. Како Светиот ѕид во Ерусалим, тоа е поетскиот ѕид на Михаил Ренџов. Не дочека да го заврши, а дали ќе дочекаме ние“, рече Михаилова-Бошнакоска.

На комеморацијата говора Марина Мијаковска од НУБ, Владимир Мартиновски и Гордана Михаилова-Бошнакоска. (Фото: К. Попов)

Според писателот Владимир Мартиновски, како и библиските псалми, така и неговоте стихови остануваат длабоко сведоштво за  едно вдахновено време и за една творечка личност „која сите ние сме привилегирани што имавме можност да ја запознаеме, да живееме со него, а неговите книги сум сигурен дека ќе живеат со генерации и генерации“.

„Тој во една песна вели:  Сѐ што погледнувам, затреперува. Таква е трепелива неговата поезија. Сѐ затрeперува, не може читателот да не затрепери од неговите стихови“, кажа Мартиновски.

Комеморацијата се одржа во Националната и универзитетска библиотека (НУБ) „Свети Климент Охридски“ во Скопје  каде работел Ренџов три децении, а се организираше заедно со Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) и ПЕН центарот во Македонија, ја.

Ренџов е автор на дваесетина збирки поезија, меѓу кои и „Иселеник на огинот“ (поезија, 1965); „Ноќно растење на зборот“ (поезија,1967); „Каде од оваа страна“ (поезија, 1968, „Издишки“ (поезија, 2013). Го превел и епот „Гилгамеш“.

Последната поетска збирка „Зраци“ ја објави во 2023.

Ренџов е добитник е на бројни награди меѓу кои: „11 Октомври“ и „Браќа Миладиновци“ за книгата Нерези (1982), „Григор Прличев“ за поемата „Тој“ (1993), „Ацо Шопов “ за книгата „Јас Оксиморон“ (1999), „Рациново признание“ за книгата „Захариј и други раскази“ (2004), „Григор Прличев“ за поемата „Предвесница“ (2009), „Браќа Миладиновци“ за книгата „Јас. Елегии“ (2017).

Во 2022 го доби орденот „Свети Никола“, што се доделува на заслужни граѓани кои се родени и потекнуваат од Штип.

„Животот е како вруток. А, врутокот е во детството и младоста, доба исполнета со забава. Токму тоа време е основа на творештвото на секој автор. Секој човек, па и поетот, е како испосник, кој во себе го носи тоа време и додека е жив, создава и твори. Затоа, само детсвото и младоста не се забораваат“, изјави Ренџов во таа пригода.

Б. НЕСТОРОСКА

 

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Има ли Скопје капацитет за прекуокеански летови?

Следно

Сообраќајот на превојот Стража целосно затворен поради сообраќајка

Latest from Blog

Камата од 1,95% за компаниите кои ќе аплицираат за пари од унгарскиот кредит

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека каматата за компаниите кои ќе аплицираат за пари од унгарскиот кредит, ќе биде 1,95%. Компаниите ќе може да инвестираат во средства за производство, обновливи извори на

Европската престолнина на културата за 2025 Кемниц во Германија, планира да пречека 2 милиони посетители

Источногерманскиот град Кемниц и градовите Нова Горица и Горица од двете страни на италијанско-словенечката граница ја презедоа диригентската палка како европски престолнини на културата за 2025 година. Официјалното предавање се случи во

Тутунарите бараат да се зголеми откупната цена на тутунот во пресрет на откупот

Да се интензивира откупот на тутунот и со анекс во договорите да се зголеми откупната цена и просечно да изнесува околу 420 денари, побара Сојузот на тутунските здруженија на средбата со откупувачите

Петрушевски: ЕСМ во 2017 година имаше 20 милиони евра на сметка, а во 2024 имаше минус од 80 милиони евра, на криминалното работење се стави крај

СДС ги уништи енергетските претпријатија. И како последица на тоа струјата во нивно време се зголеми за над 50%. ЕСМ беше оставено во 2017 година со 20 милиони евра на сметка, за
Go toTop