Метеоролозите имаат лоши вести: Какво време нé очекува за трите продолжени викенди кои следат?

April 9, 2023
1 min read

Овој месец има два продолжени викенди, a првиот викенд од мај кога се празнува државниот празник „Денот на трудот“ e државен празник, односно продолжен викенд. Патувањето надвор од градот на живеење и планирањето на продолжен одмор најчесто зависи од временската прогноза. За жал, метеоролозите немаат убави вести.

Велигденскиот викенд ќе донесе пораст на температурите, кога утринската ќе искачи до 8 степени, а дневната ќе достигне до 20 степени. Времето во четврток и петок ќе биде облачно и стабилно, додека во недела и понеделник ќе биде променливо со дожд.

Неделата после Велигден ќе биде врнежлива, а времето за следниот продолжен викенд ќе биде нестабилно проследено со дожд.

Последните денови од месецот, пред празникот „1 мај“ ќе бидат сончево и времето ќе биде стабилно. Температурите и понатаму ќе бидат во пораст. Но, првиот продолжен викенд во мај според метеоролозите ќе биде врнежлив со нестабилно време проследено со дожд.

Првата половина од мај ќе донесе сончево и стабилно време. Дестабилизација на времето се очекува кон средината на месецот кога температурите ќе се искачат и до 30 степен.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Голем пожар во Хамбург, градот се гуши во чад (ВИДЕО)

Следно

Ливерпул подготви 50 милиони евра за аргентинската ѕвезда

Latest from Blog

ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО НА НЕТАНЈАХУ ЗА КОРУПЦИЈА! Војните како спас од судска пресуда

Долготрајното судење за корупција на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе продолжи во недела, изјави портпаролот на судството во четврток, неколку часа откако Израел ја укина вонредната состојба воведена поради војната против Иран.

Николоски: Инфраструктурата е основа за развој – Коридорите 8 и 10 како приоритет за економската и безбедносна стабилност на државата

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, изјави дека Македонија треба да се приклучи на иницијативата на САД „Три мориња“ поради геостратешкиот интерес на државата. Тој нагласи дека Коридорите 8
Go toTop