Месиќ: Ако Додик се одлучи за сецесија, би ја ангажирал армијата за да се пресече коридорот во Посавина

February 2, 2023
1 min read

Поранешниот претседател на Хрватска, Стјепан Месиќ изјави дека тој би ја ангажирал војската за да го пресече коридорот во Посавина доколку претседателот на Република Српска, Милорад Додик, распише референдум за отцепување на РС од БиХ.

Месиќ во интервју за регионалната телевизија Н1, одговарајќи на прашањето, што би го советувал актуелниот претседател на Хрватска, Зоран Милановиќ доколку дојде до такво сценарио.

– Ако сакаме целосна БиХ и ако некој сака да ја скрши БиХ, ние со ОН, ЕУ и НАТО ќе мораме да одговориме со пресекување на коридорот и да ставиме крај на амбициите еднаш засекогаш, истакна Месиќ.

Тој оцени дека сè уште се присутни тие кои го „поддржуваат договорот меѓу (Фрањо) Туѓман и (Слободан) Милошевиќ за поделба на БиХ“.

На прашањето дали меѓу нив е и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, Месиќ одговори: „Тие се колнат во политиката на Туѓман“.

Додека за актуелниот хрватски премиер Зоран Милановиќ наведе дека најверојатно тој го „менува својот политички правец“.

Според Месиќ нема потреба од хрватските војници да бидат дел од ЕУФОР во БиХ.

– Не знам што би добила Хрватска од тоа … Европа има доволно сила да го направи тоа без Хрватска, наведе Месиќ. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пленковиќ: Следниот февруари инфлацијата во Хрватска ќе биде околу шест проценти

Следно

Албанскиот парламент го ратификуваше договорот за враќање на 20-те икони во Македонија

Latest from Blog

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во
Go toTop