Месец на европски филм во Кинотека

October 31, 2023
1 min read

Од први до деветти ноември во Кинотека ќе се одржи месец на европски филм.

Во овој месец Кинотеката заедно со уште многу други кина во 70 различни градови во Европа ќе ја слави фантастичната разновидност на европскиот филм. Проектот „Месец на европски филм“ предводен од мрежата на кина – „Еуропа синемас“, им за цел низ различни европски градови и преку различни европски филмови да презентираи специјални програми, настани и ретроспективи.

Но, во овој месец Кинотека испланираа сè до половината на месецот да бидат презентирани, во популарно наречената недела на филмот, јапонски филмови. Станува збор за понова продукција на оваа интересна и многу влијателна кинематографија.

Ќе бидат прикажани македонските филмови „Лена и Владимир“ на Игор Алексов, по сценарио на Александар Русјаков, а главните улоги ги толкуваат Сара Климоска и Тони Наумовски. Филмската публика ќе има можност, по неколку успешни патешествија, да го проследи „Домаќинство за почетници“, новиот филмски проект на тетовчанецот, со долгогодишна адреса на живеење во Австралија, Горан Столевски.

Како еден вид пауза од играните филмови, ќе биде прикажан документарецот со провокативен наслов „Канабисот ослободува“. Ова е есеј за неколкумина активисти од разни земји, кои се залагаат за легализација на канабисот. Мала ексклузива – во него учествува и познатиот, контроверзен музичар и инфлуенсер, Рамбо Амадеус. Културата на канабисот има битна улога во веќе култното остварување на браќата Коен, „Големиот Лебовски“. Филмот ќе биде проектиран на оригинална 35 милиметарска филмска копија.

Се продолжува со играни филмови. Шпански филмови со различно време на создавање, од различни автори, со различни естетски колорити. Неколку денови од втората половина на ноември се издвоени за филмовите од авторите кои се од Пиринејскиот полуостров. Од Апенинскиот полуостров, пак, односно од Италија, ни доаѓа филмот „Се прашува кога ќе ти недостигам“. Но пред ова остварување да го заокружи месец ноември во кинотека, времето ќе биде искористено за презентација на неколку наслови од филмографијата на авторката на документарци, Петра Селишкар. Тие се со различни содржини, од различни жанрови, а го претставуваат светогледот на авторката.

Целата програма за ноември тука

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Скопјанец со највисока годишна бруто плата лани од 144 милиони денари

Следно

Хамас и Нетанјаху се од иста

Latest from Blog

Невиден скандал на изборот на Мис Универзум- мисиците ја напуштија салата додека се доделуваа титулите (ВИДЕО)

За време на официјалната церемонија на доделување лента, се случи вербална расправија помеѓу претседателот на натпреварот и мексиканската претставничка, што доведе до тоа толпата што протестираше да ја напушти салата. Снимките од

Затворен аеродромот во Брисел – забележан бил дрон

Аеродромот во Брисел е привремено затворен откако вечерва беше забележан дрон, според белгиската служба за контрола на воздушниот сообраќај и портпаролот на аеродромот. Портпаролката изјави дека и дојдовните и појдовните летови во

3 најчести женски сексуални фантазии! Многу ги сакаат, но се срамат да го признаат тоа

ајчесто жените не ги споделуваат своите сексуални фантазии со партнерите, тоа го потврдила и една онлајн анкета во која жените откриле што би сакале да пробаат во кревет. Секс пред огледало Нема

Градоначалникот Коњановски ги додели наградите 4-ти Ноември за култура и образование

На свечената академија по повод 81-вата годишнина од ослободувањето на Битола, беа доделени традиционалните општински награди за најуспешни поединци и институции. Највисоката награда за животно дело годинава му беше доделена на ликовниот
Go toTop