Мерц изгласан за канцелар при второто гласање во Бундестагот

May 6, 2025
1 min read

Лидерот на германската Христијанско-демократската унија Фридрих Мерц не успеа да го обезбеди парламентарното мнозинство потребно за да стане канцелар, нанесувајќи и неочекуван удар на неговата нова коалиција со социјалдемократите.

Долниот дом на парламентот, Бундестагот, сега има 14 дена да го избере Мерц или друг кандидат за канцелар со апсолутно мнозинство. Сепак, засега нема друг кандидат освен Мерц. Фридрих Мерц, кој го предводеше конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ до победата на федералните избори во февруари и оттогаш обезбеди коалициски договор со централно-левичарската Социјалдемократска партија, освои само 310 гласа во долниот дом на парламентот.

Против изборот на Мерц имаше 307 гласа, а три воздржани. Нему му беа потребни 316 гласови за да обезбеди мнозинство. Со оглед на тоа што коалицискиот договор беше потпишан во понеделникот, се претпоставува дека некои пратеници биле воздржани или не гласале. Десничарската партија Алтернатива за Германија го поздрави неуспехот на конзервативниот лидер Мерц да биде избран за следен канцелар на земјата. 

„Тој ја плати цената за сите негови сплетки во пресрет на изборите, за досега невидената монструозна изборна измама.“ – Алис Вајдел АФД.

Конзервативниот политичар Јохан Вадефул, кој треба да стане следниот министер за надворешни работи на Германија, застана во одбрана на партискиот лидер кој не успеа да биде избран за канцелар во првиот круг гласање. 

„На крајот, изборот, кој се одржа со тајно гласање, беше одлука заснована на совест, која за жал излезе како што излезе.“ – Јохан Вадефул ЦДУ.

Никогаш досега не се случило кандидат за канцелар, по успешни коалициски преговори, да не биде избран во првиот круг на гласање. Во понеделникот, лидерите на Социјалдемократската партија на Германија (СДП) и конзервативниот блок на Христијанско-демократската унија и Христијанско-социјалната унија (ЦДУ/ЦСУ) потпишаа договор за коалиција, десет недели по предвремените избори за Бундестагот, со што се отвори патот за избор на Мерц за канцелар.

Ова следува откако во ноември минатата година пропадна трипартитната коалиција на канцеларот во заминување, Олаф Шолц. Германскиот коалициски договор предвидува планови за заживување на економијата, како што се намалување на даноците на корпорациите и намалување на цените на енергијата. Исто така, коалицијата ветува силна поддршка за Украина и поголеми средства за армијата. Берзите во Германија бележат пад откако Мерц не беше избран за канцелар.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Калајџиев во Аргумент плус: Политичарите го користат судскиот совет како алатка за влијание

Следно

Во Владата средба меѓу Мицкоски и лидерите од Вреди!

Latest from Blog

Личната претставничка на генералниот секретар на ОН за кипарското прашање во посета на Кипар

 Личната претставничка на генералниот секретар на Обединетите нации за кипарското прашање Марија Анхела Олгин се очекува денеска да пристигне на Кипар, каде што утре ќе се сретне со кипарскиот претседател Никос Христодулидис,

ВЛЕН обвинува за системска корупција во МНР за време на мандатот на Османи

На прес-конференција, Арбер Кадриу од ВЛЕН-Чаир го обвини Министерството за надворешни работи за сомнителни, незаконски и исклучително скапи набавки за време на мандатот на поранешниот министер Бујар Османи. Документите што ги обезбеди

Средба на Сиљановска-Давкова со јапонската амбасадорка Сецуко Кавахара

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими јапонската амбасадорка Сецуко Кавахара, која ѝ ја предаде честитката од Неговото Величество Нарухито, Император на Јапонија, упатена по повод 8 Септември-Денот на независноста. Сиљановска-Давкова се заблагодари
Go toTop