Мерино повторно е „џокер“ на Шпанија, селекторот Де Ла Фуенте има огромна заслуга за победата

July 7, 2026
2 mins read

Мечевите од осминафиналето на тековниот Мундијал помеѓу селекциите на Шпанија и Португалија односно САД и Белгија за Спортспорт, ги анализира Горазд Михаилов.

Тој смета дека Шпанија оди во понатамошната фаза, не само поради одамна потврдениот квалитет, туку и пред се поради капацитетот на селекторот Де Ла Фуенте. Погодените и навремени измени се главаната причина што Шпанија е сеуште на Мундијалот. САД дозна дека Доналд Трамп не може да го реши секој проблем на светот.

„Во еден натпревар во кој што не се очекуваше да има премногу голови, затоа што самата ситуација налага така, нокаут фаза е сепак, двете репрезентации влегоа резервирано. Особено тоа се однесува за репрезентацијата на Шпанија. Шпанците се одлучија на стартот поседот да го препуштат на противникот. Сепак, Шпанија беше доста опасна по таа одземена топка. Така и ја создаде првата сериозна шанса преку Ојарзабал, која што не беше реализирана.

Како што минуваше времето, Шпанија ја преземаше контролата. Диктираше темпо. Португалија одлично поставена во одбрана, не дозволи премногу шанси за Шпанија. Јамал неутрализиран, голема работа тука заврши Феликс но и Леао. Можеби беше хендикеп повредата на Мендеш. Замените кои што беа направени беа со намера да се создаде тој баланс и да парира во средината.Шпанците импонираат со својата сигурност, контрола во средниот ред.

Голем удел во оваа победа на Шпанија има селекторот Де Ла Фуенте. Тој во вистински момент ги направи вистинските измени. Ја озвежи екипата, пред се со Феран Торес кој што беше и асистент за голот кој што пак го постигна Мерино, исто така замена која што влезе само неколку минути пред тоа. Оние додавања кои што ја красат Шпанија, тие вертикални додавања, во простор. Ете, „пробија“ што се вели во последната минута, иако до тој момент, Португалија во последната линија функционираше одлично. Но ете, еден момент е потребен за такви играчи. Секундарен пад на концентрација и си казнет. Така е тоа со репрезентации како Шпанија. Мерино како и пред две години на европското првенство кога донесе финале и овојпат се покажа како „џокер“ за Шпанија.

Португалија според мене требаше да биде похрабра, среќата им го сврте грбот овојпат за разлика од оној меч против Хрватска. Заклучок…. заслужена победа на Шпанија“ – вели Михаилов па додава.

Белгија покажа зошто во спортот нема место за политика

„Тоа што Балоган беше „помилуван“ за црвениот картон добиен во претходната рунда на „ургенција“ на претседателот на САД, Доналд Трамп очигледно дека само ги разлути репрезентативците на Белгија. Уште од самиот старт на мечот се виде кој е кој. Белгија ја покажа сета своја сила и квалитет. Селекторот Гарсија и овојпат покажа капацитет. Го одржа ветувањето им даде шанса на оние кои што ја донесоа победата против Сенегал. А тие му возвратија. На клупата ги остави и Де Брујне, и Лукаку и Ванекен и шанса им даде на други играчи кои што ја искористија шансата. Пред се тука мислам на Де Кетеларе кој што постигна два гола и стави свој печат на овој огромен успех. И тоа уште пред полувреме. Иако САД се врати резултатски, постигна гол, американците не покажаа речиси ништо. Ниту до полувреме ниту до крајот. Едноставно Белгија беше поквалитетна. Не помогнаа измените на САД, на селекторот Покетино. Истите не донесоа промени. Белгија ја искористи секоја грешка на противникот и заслуженон оди во четвртфинале на дуел со Шпанија. Ова е прав пример дека спортот е над политиката, а Белгија на вистински начин тоа и го демонстрираше“ – поентира аналитичарот на Спортспорт.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Истрагата во Монако добива пресврт: ОСОМНИЧЕНАТА БЕРЕЗОВСКА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ПРЕД ДА БИДЕ УАПСЕНА

Следно

AI во HR повеќе не е иднина туку нов стандард за паметно вработување

Latest from Blog

ЛШ и ЛК: ЕТО Ѓер веќе ги чека Вардар или Рига, Ц. Звезда убедлива во С.Ирска, Динамо Загреб со реми кај Тун!

ФОТО:.facebook.com/etofcgyor/ Вечерва се одиграа неколку натпревари, први од 2.квалификациско коло во Лигата на Шампионите и Лигата на Конференции. Познато е дека во случај Вардар да ја мине Рига, тогаш во третата квалификациска

Се обиделе да спасат човек да не се удави, па се удавиле петмина- трагедија во Охајо (ВИДЕО)

Според канцеларијата на шерифот на округот Делавер, трагедијата се случила во неделата навечер на реката Скиото, во близина на резервоарот О’Шогнеси, околу 16 километри северозападно од Колумбус, главниот и најголем град во

Орце Ѓорѓиевски со екипите на градските јавни претпријатија на град СКОПЈЕ се на терен, ќе работат цела ноќ по невремето (VIDEO)

По силното невреме што денеска го зафати Скопје со бурни налети на ветер, екипите на градските јавни претпријатија веднаш излегоа на терен за отстранување на последиците, информира градоначалникот на Град Скопје, Орце

Во израелски напад на семејна куќа во Газа загинаа родителите и нивните четири деца

Според лекарите, Фирас Ал-Масри, неговата сопруга Салсабил и нивните три ќерки и син се убиени во нападот врз куќата во населбата Сабра. Израелската војска потврди дека го извршила нападот, наведувајќи дека целта
Go toTop