МЕПСО и ЕСМ заедно работат на развојот на преносната мрежа и интеграцијата на обновливите извори на енергија

March 3, 2025
1 min read

Раководствата на АД МЕПСО и АД ЕСМ на денешната координативна средба ги усогласуваа стратегиите за развој на електропреносната инфраструктура и можностите за интеграција на нови капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори. 

Во насока на зајакнување на преносната мрежа и обезбедување поголема стабилност и доверливост, АД МЕПСО ги презентираше проектите со кои се става особен фокус на адаптација и проширување на капацитетот на преносната инфраструктура за нови производни извори на енергија и изградба на објекти за складирање на енергија, а АД ЕСМ ги презентираше плановите за проширување на производното портфолио.

„На средбата беа разменети информации во однос на напорите кои се прават за изградба на нови преносни водови, нови трансформаторски станици и примена на напредни технологии со кои ќе се подобри ефикасноста и стабилноста на целокупниот електроенергетски систем“, информираа попладнево од АД МЕПСО.

Двете компании се договориле да ја продолжат соработката и да ги динамизираат активностите за реализација на планираните проекти со единствена цел, да се одговори на идните предизвици во енергетиката и да се обезбеди одржлив и сигурен развој на енергетскиот сектор во државата. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски положи цвеќе на Меморијалниот споменик на унгарските херои: Нека ова биде симбол на пријателството и заедничките вредности

Следно

Премиерот Мицкоски со дел од Владата во посета на Унгарија: Положи венци на Меморијалниот споменик на унгарските херои

Latest from Blog

Хоџа: Продолжуваме со силни инвестиции во Арачиново

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, и градоначалникот на Арачиново, Даут Беќири, на денешната работна средба го потврдија напредокот на клучните инфраструктурни проекти во општината. Во моментов се активни

Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска за судија на Уставниот суд

Судскиот совет ја предлага Мери Дика-Георгиевска, судија на Апелацискиот суд, за судија на Уставниот суд. На денешната седница 10 члена на Судскиот совет гласаа „за“, еден беше против, а судијката Антоанета Димовска
Go toTop