Премиерот Мицкоски со дел од Владата во посета на Унгарија: Положи венци на Меморијалниот споменик на унгарските херои

March 3, 2025
1 min read

За време на посетата на Унгарија, во Будимпешта премиерот Христијан Мицкоски денеска положи венци на Меморијалниот споменик на унгарските херои.

„Нека ова положување венци биде симбол на пријателството, благодарноста и заедничките вредности што ги споделуваат Северна Македонија и Унгарија“, се вели во објавата на Фејсбук-страницата на премиерот Мицкоски.

Од фотографиите објавени на Фејсбук се гледа дека со Мицкоски во Будимпешта се присутни само дел од министрите и заменик-министрите во Владата.

Во владината делегација која денес и утре ќе учествува на унгарско-македонскиот владин самит се министрите од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, но не и министрите од ЗНАМ и коалицијата „ВРЕДИ“.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МЕПСО и ЕСМ заедно работат на развојот на преносната мрежа и интеграцијата на обновливите извори на енергија

Следно

Милевски: ВМРО-ДПМНЕ секогаш отвора можности за меѓусебно градење на националните интереси и ги решава проблемите на граѓаните директно на терен

Latest from Blog

Трамп испраќа војска во Панама

САД испраќаат неколку стотици војници во Латинска Америка за обука на локалните сили и спроведување заеднички вежби, додека Пентагон ја проширува својата кампања против трговците со дрога во регионот, објави „Њујорк тајмс“,

Гаштаров асистираше за гол но Црвена ѕвезда прокоцка водство и загуби кај Лугано на Алиоски (Видео)

Новопечениот македонски репрезентативец, тинејџерот Матеј Гаштаров одигра одличен меч, но неговата Црвена ѕвезда загуби на гостувањето кај Лугано, во првото коло од Конферекциската лига на УЕФА. Лугано водеше со 1:0, потоа гостите

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и

Берзански промет од 11,4 милиони денари, најголем интерес за Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.056,22 поени. Во однос

Коњановски: Руралната жена е силата на Пелагонија и чувар на традицијата

Улогата на жените во земјоделството, зачувувањето на традицијата и можностите за современо производство беа во фокусот на манифестацијата „Рурална жена – силата на Пелагонија“, на која денеска присуствуваше градоначалникот на Битола, Тони
Go toTop