Мендух Тачи го напушта Европскиот фронт, од ДУИ велат пратеничката група работи во полн состав

October 5, 2024
2 mins read

Мендух Тачи од ДПА го напушта Европскиот фронт. Од ДУИ вчера не ја коментираа оваа информација, додека од ДПА за МИА изјавија дека наредните денови ќе има официјално соопштение. Во меѓувреме, дел од медиумите информираа дека имаат потврда од ДПА дека Тачи ја напуштил коалицијата Европски фронт. Премиерот Христијан Мицкоски, пак, вчера не сакаше да ги коментира случувањата во опозицискиот „Европски фронт“, нагласувајќи дека тоа што за него, како претседател на Влада е важно, е дека „има стабилна ситуација, една одлична хемија“ и заедничка цел – да направат подобро место за живеење.

Портпаролот на ДУИ Арбр Адеми во изјава за МИА вчера посочи дека дека нивната пратеничка група е функционална. 

– Пратеничката група е функционална и работи во полн состав, одговори кусо Адеми.

И Блерим Беџети од Европскиот фронт денеска на прес-конференција во Собранието даде речиси идентичен одговор. 

– Европскиот фронт го има истиот број на пратеници во Собранието. За други прашања или дилеми треба да се обратите до Мендух Тачи или до Али Ахмети, рече Беџети.

На новинарско прашање зошто отсуствал Тачи на настаните организирани од коалицијата, Беџети одговори дека и во други активности се случува да отсуствува некој од претседателите на политичките партии што го сочинуваат Европскиот фронт. 

– И во другите активности отсуствувал некој од претседателите на политичките партии што го сочинуваат Европскиот фронт. Ве уверувам дека тоа е нормално, секој со своите обврски и протоколарни средби може да отсуствува во некоја од средбите, рече Беџети.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера не сакаше да ги коментира случувањата во опозицискиот „Европски фронт“, нагласувајќи дека тоа што за него, како претседател на Влада е важно, е дека „има стабилна ситуација, една одлична хемија“ и заедничка цел – да направат подобро место за живеење.

Прашан за коментар за одлуката на Мендух Тачи да ја напушти коалицијата „Европски фронт“, Мицкоски рече дека не би сакал да ги „облекува нивните чевли“ и да ги коментира.  

– Претпоставувам повеќе одговори на ова што се случуваше во текот на вчерашниот ден ќе добиете од самите актери во опозицијата. Но, она што е важно за мене како претседател на Владата е дека имаме една стабилна ситуација, имаме една одлична хемија. Не секогаш, логично е да немаме исти мислења за исти теми, впрочем и во едно семејство постојат разлики, а не па во една ваква сложена институција каква што е владината коалиција. Но, она што е важно е дека имаме заедничка цел, а тоа е да направиме подобро место за живеење, изјава Мицкоски, кој вчера присуствуваше на методско-показна вежба на Армискиот полигон „Криволак“.

Во изјава за медиумите, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити рече дека партиите во Европскиот фронт не се споиле иделошки, туку за да опстанат на политичка сцена. 

Меџити рече дека нема информација дека се преговара со Тачи за негово преминување во Влен. 

– Јас лично немам такви преговори. Како што и најавив пред некој месец, тие не се споија идеолошки или за повисоки цели, туку како да опстанат на политичката сцена, изјави Меџити во Арачиново.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Променливо облачно со повремено врнежи од дожд

Следно

Убиен шефот на вооруженото крило на Хамас – бригадите Ал Касам, Саит Аталах

Latest from Blog

Турскиот парламент ги осуди израелските напади врз Сирија

ИСТАНБУЛ (АА) – Големото народно собрание на Турција во средата вечерта го одобри предлог на претседателството на парламентот со кој се осудуваат израелските напади врз Сирија, известува Анадолу. Парламентот најостро ги осуди

Руски гранати погодија станбена област во Источна Украина

СКОПЈЕ (АА) – Русија ја гранатираше украинската област Доњецк, уништувајќи три куќи, известува Анадолу. Русија изврши напад врз местото Костјантинивка, во Доњецк, предизвикувајќи пожари од кои се запалија неколку број куќи. Експлозиите

Земјотрес почувствуван во Македонија, епицентарот во Косово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 43 минути регистрираше земјотрес

Македонските млади ракометарки дел од програмата „Почитувај го твојот талент“

Дел од македонските млади ракометарки кои се со младинската репрезентација на Европското првенство во Црна Гора беа учеснички на програмата „Почитувај го твојот талент“ организирана од Европската ракометна федерација (ЕХФ). На собирот

Висок американски дипломат: „Страните се согласија за чекорите со кои ќе се стави крај на ситуацијата во Сирија вечерва“

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот државен секретар Марко Рубио денес изјави дека сите страни се согласиле за „конкретни чекори“ кои ќе овозможат прекин на судирите во Сирија, известува Анадолу. „Ги ангажиравме сите страни
Go toTop