Мемов за ТВ 24: Доаѓа мисијата на ММФ – на маса и состојбите на ПИОМ

February 3, 2025
1 min read

В.Д директорот на државниот фонд за пензиско и инвалидско осигурување, Никола Мемов  во 24 анализа рече дека месецов мисијата на Меѓународниот монетарен фонд ќе биде во Македонија и ќе се разговара за состојбите на ПИОМ и стабилноста на пензискиот фонд.

Според него одржливоста на пензискиот фонд и буџетскиот дефицит може да се регулира со пасивен извор на финансирање. Тој ги отфрли и можностите за зголемување на старосната граница за финансирање и зголемување на придонесот за пензиско осигурување.

„ММФ ќе дојдат во февруари и тие се интересираат за стабилноста на пензискиот фонд и исплатата на пензиите. Во 2024 реализирани приходи по основ на придонеси се околу 71 милјарда денари, на нив дополнително реализирани трансфери од страна на Владата преку Министерството за труд и социјала се околу 42 милјарди.  Е сега за исплата на пензии сме потрошиле 90 милјарди денари и ова значи недостатокот на Фондот за исплата на пензии е околу 17 милјарди. Толку е дефицитот само за пензии“, објасни Мемов.

Тој додаде и дека Фондот за пензиско има обврска да плаќа и здравствено осигурување на пензионерите во Фондот за здравство и вториот пензиски фонд.

„Во вториот столб и во ФЗО од овие трансфери од 42 милијарди денари исплатени се 25  милјарди што значи во проценти 41% од буџетските трансфери се искорисени за исплата на пензии додека 59% се искористени за овие два крупни основи ФЗО и обврските спрема вториот столб“, рече Мемов

Во однос на одржувањето на пензискиот фонд, Мемов рече дека иако буџетот на Фондот се полни од придонесите сепак тоа не се доволни средства за исплата на пензии. Тој вели дека потребни се паснивни извори на финансирање.

„Фондот има две функции. Првата функција е навремена исплата на пензии и втората е обезбедување на право за остварување на пензија.Буџетот се полни од изворните приходи, од придонесите и концепти се во прашање за тоа како ќе се полни буџетот, овие сретства од придонеси за пензиско и инвалидско осигурување не се доволни за исплата на пензии. Е сега изминатиоте влади па и овие сега претходните увиделе дека навистина не се доволни овие сретства и затоа потребен е концепт на пасивен извор на финансирање“, рече Мемов.

Мемов зборуваше и за недостатоците на ПИОМ утврдени во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија. Тој потенцираше дека такви слични забелешки имало и во претходните години.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Роналдо: Мбапе не знае да игра како централен напаѓач

Следно

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со истакнати научници – носители на престижни признанија

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Член на ЦО на Филипче, станал директор на фирма блиска на семејството Заеви, ете зошто СДС не се оградува од Заев

Блискоста на Заев и Филипче и ден денес се негува, доказ за тоа е новиот директор на фирмата Сара Инженеринг ДОО Струмица, која е блиска до семејството Заеви, велат во партиското соопштение

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев
Go toTop