Мелони: За спречување на фемицидите, покрај закони потребна е културна и социјална промена

May 30, 2025
1 min read

Треба повеќе да направиме за да спречиме убиства на жени, изјави премиерката на Италија, Џорџа Мелони по најмладата жртва на фемицид во земјата.

На 26 мај во градот Афрагола убиена е 14-годишната Мартина Карбонаро од нејзиното 18-годишно момче откако ја раскинала врската.

– Ова злосторство ја обврзува земјата да погледне во лицето на длабокото зло, што не може ниту да се игнорира ниту да се прифати како нормално. Ова зло, е слепо и посесивно насилство, што премногу често е насочено кон жените, особено кон најмладите, наведе Мелони.

Таа го повика правосудството да ја исполни својата задача да дејствува во случајот со максимална строгост, а институциите да не затвораат очи пред тоа што се случило.

Мелони потсети дека нејзината влада усвоила многу прописи во обид да спречи фемициди, но законите никогаш нема да бидат доволни ако во Италија не се спроведе длабока културна и социјална промена.

– Последните години се направени чекори, но тие очигледно не се доволни. Треба да направиме повеќе заедно. За Мартина. За сите, истакна Мелони. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Протест на медицинскиот персонал во тетовската болница, два месеца се без плата

Следно

Судењето за убиството на Вања и Панче презакажано за 9 јуни

Latest from Blog

Ормускaтa Tеснина останува отворена за сите освен за бродови поврзани со непријателите, тврди ирански претставник

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ги нападне иранските електрани ако пловниот пат не биде целосно отворен во рок од 48 часа. Заканата од ирански напади за време на американско-израелската

Манасиевски: Дали Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки во енергетиката и промената на името на државата кое Заев и Филипче го спроведоа?

На денешната прек конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ упати неколку прашања кој СДСМ, тој паташа: „СДС да одговори, дали нивниот ПР шеф Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки

Николоски најави – Штип ќе стане туристички центар со ново вештачко езеро

Штип и источниот дел на Македонија ќе добијат прво туристичко вештачко езеро, кое се очекува да биде завршено до 2027 година, пред предвидениот рок, истакна Александар Николоски. Изградбата на браната на реката

Спалети: Ни недостасува зрелост во играта

Екипата на Јувентус синоќа направи нок кикс во домашниот Серија А шампионат, откако одигра на домашен терен само 1:1, против екипата на Сасуоло. Иако поведе на време уште во 14. минута преку
Go toTop