Мексиканската полиција истражува маж како можен сериски убиец

April 20, 2024
1 min read

МЕКСИКО СИТИ (АА) – Полицијата на Мексико Сити доцна синоќа објави дека истражува осомничен маж за убиство како можен сериски убиец откако се пронајдени коски, пила, крв и лични карти на исчезнати жени во со собите што ги изнајмил, пренесува Анадолу.

Обвинителите не го открија идентитетот на осомничениот, но соопштија дека лицето е задржано на судење под обвинение за убиство и обид за убиство на две жени.

Обвиненија се подигнати по нападот извршен во вторникот во кој осомничениот чекал жена накратко да го напушти својот стан. Потоа влегол, и сексуално злостравил и ја задавил нејзината 17-годишна ќерка.

Мајката се вратила и го видела како си заминува, но ја пресекол по вратот и избегал. Мајката преживеала, но нејзината ќерка не.

Бидејќи осомничениот живеел во близина на местото злосторството, брзо е идентификуван и фатен. Во согласност со мексиканскиот закон, полицијата го идентификувала само по името, Мигуел.

„Кога истражителите извршиле претрес на станот што го изнајмил во близина, пронајдени се шокантни докази кои јасно укажуваат на можен сериски убиец“, изјави градскиот обвинител Улисес Лара.

Детективите при пребарувањето на станот пронашле „биолошки материјал“ – дамки од крв, коски, пила, мобилни телефони и лични карти на исчезнати жени.

„Пронајдени се и низа нотеси кои би можеле да откријат повеќе за дела што Мигуел ги сторил врз своите жртви“, рече обвинителот Лара.

Обвинителот не откри колку комплети коски или лични карти се пронајдени, но локалните медиуми споменуваат бројки од 7 до дури 20 можни жртви.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почина Брано Мичуновиќ – важеше за црногорски Ал Капоне

Следно

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Latest from Blog

Трансфери во најава: Ѓокереш во Барса, Осимен во Арсенал, Баркола во Ливерпул за 135 милиони евра, Нето се сели во С.Арабија…

фото: Premier League (X) И тоа како е интересно на фудбалскиот пазар во Европа. Откако, секако поради СП 2026, клубовите во Премиерлигата како да беа тивки, сега и тоа како покажуваат кој

Скандал го тресе Даунинг стрит: Британскиот премиер се допишувал со лажна шефица на кабинетот на Трамп

Неколку пораки биле разменети и откако Барнам ја презел премиерската функција на 20 јули. Британски официјални лица подоцна се посомневале дека од другата страна не е секретарката на Трамп. Контактот бил прекинат,

Ново поскапување на горивата: Дизелот од утре 98, бензинот 91,50 денари

Цените на горивата од полноќ повторно се зголемуваат. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек растат за 4,85 отсто во однос на претходната одлука.

Општина Прилеп: 18-та Ликовна колонија „Марко Цепенков“ – Дрен 2026

Општина Прилеп со особено задоволство ја поддржува 18-та Ликовна колонија „Марко Цепенков“ – Дрен 2026, манифестација која годинава става посебен акцент на монументалната скулптура и нејзината улога во јавниот простор. Колонијата претставува
Go toTop