Меѓусебното разбирање како клуч за успешна врска

September 11, 2025
1 min read

Љубовта е основата на секоја врска, но има уште еден многу важен услов за здрава и среќна врска, вели психологот Џефри Бернстин од Универзитетот на Олбени во американската сојузна држава Њујорк за „Сајколоџи тудеј“ (Psychology Today).

– Разбирањето на Вашиот партнер е она што e навистина важно во врската. Сфаќањето на емоциите, желбите и фрустрациите на Вашиот партнер е исто толку важно, ако не и поважно од самата љубов. Во случаи на развод, честопати ги слушам паровите како велат: „Сè уште се сакаме, но се оддалечивме“… Таа изјава ја нагласува клучната точка: Љубовта без разбирање често не е доволна за да се одржи врската. Во мојата книга „Зошто не можеш да ми ги читаш мислите?“ (Why Can’t You Read My Mind?), истражувам како емпатијата, т.е. способноста да се разберат емоциите на партнерот, делува како емоционално сврзно средство коешто ги одржува врските, објасни Бернстин.

Тој појаснува дека почитта, сочувството и меѓусебното разбирање овозможуваат искрена поврзаност меѓу партнерите. Кога ги разбираме мислите и чувствата на партнерот или партнерката, ги потврдуваме неговите/нејзините искуства и создаваме безбедна средина којашто поттикнува поголема блискост и подлабока комуникација меѓу двајцата.

– Тоа истражување ја потврдува моќта на разбирањето во врските. Паровите кои практикуваат активно слушање и емпатична комуникација пројавуваат поголемо задоволство од врската. Емпатијата и разбирањето се најсилните показатели за долгорочен успех во врските, нагласувајќи дека разбирањето е основата на трајната љубов, посочува психологот.

Стручњакот сподели неколку совети за подобро разбирање на другиот во врската. Тоа се: Вежбајте активно слушање; разговарајте со сочувство; бидете трпеливи, но упорни; ставете се во неговото/ нејзиното место и положба; поставувајте отворени прашања.

Според Бернстин, меѓусебното разбирање е клучен елемент на успешната врска, бидејќи емпатијата и комуникацијата создаваат подлабока емотивна врска којашто им овозможува на партнерите да го зајакнат својот однос дури и во најтешките мигови.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Ова е само почеток на одбојкарската револуција во Битола!

Следно

ФБИ објави: Ова е оружјето со кое бил убиен Чарли Кирк

Latest from Blog

Божиновска и ММФ разговараа за стабилноста на цените на горивата и енергетската независност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводени од шефот на мисијата во земјава, Ник Гигинеишвили. На состанокот се

Тендерска постапка за изградба на гасовод меѓу Македонија и Србија

Номагас, акционерско друштво во државна сопственост за пренос на природен гас, наскоро ќе отвори тендер за избор на проектант и изведувач на интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Србија. Овој проект е дел

Се појавија делови од мировниот план за Иран во 15 точки

Пакистанските функционери, исто така, се осврнаа на содржината на предлогот, велејќи дека тој ги вклучува следните точки: • Олеснување на санкциите • Соработка во цивилната нуклеарна енергија • Враќање на нуклеарната програма

Се појавија делови од мировниот план за Иран во 15 точки

Пакистанските функционери, исто така, се осврнаа на содржината на предлогот, велејќи дека тој ги вклучува следните точки: • Олеснување на санкциите • Соработка во цивилната нуклеарна енергија • Враќање на нуклеарната програма
Go toTop