Меѓународниот кривичен суд започна судење на Дутерте по обвинение за злосторства против човештвото

April 23, 2026
1 min read

Судиите на трибуналот во Хаг тврдеа дека постојат „суштински основи“ да се верува дека 81-годишниот Дутерте одиграл клучна улога во убиствата на 76 лица и обидот за убиство на уште двајца како дел од неговата таканаречена војна против дрогата, која според обвинителите одзела илјадници животи на Филипините. 

„Достапните докази укажуваат на заеднички план меѓу г-дин Дутерте и неговите соучесници за убивање на осомничени криминалци на Филипините, вклучувајќи ги и оние за кои се верува или се тврди дека се вклучени во употребата, продажбата или производството на дрога, преку насилни злосторства, вклучително и убиство“, се вели во соопштението. 

Обвинителите рекоа дека Дутерте создал, финансирал и вооружувал „одреди на смртта“ кои биле користени за лов и убивање на осомничени дилери и корисници на дрога за време на неговата администрација од 2016 до 2022 година. 

 Дутерте долго време инсистирал дека им наложил на полицијата да убива само во самоодбрана и секогаш ја бранел репресијата што ја вовел. 

Вчера, МКС го отфрли барањето по жалба за отфрлање на судењето на Дутерте, пресудувајќи дека случајот спаѓа во негова надлежност. 

Во претходните случаи, на судот во Хаг му требаше до една година помеѓу потврдувањето на обвиненијата и почетокот на судењето. 

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Битола домаќин на подготовките на машката кугларска репрезентација пред Мундијалот

Следно

Се обновува историската „Алхамбра“ на Широк Сокак во Битола – изведувач е „Стентон Градба“

Latest from Blog

Проданоски најави нови игралишта и реконструкција во повеќе прилепски населби

Општина Прилеп продолжува со инвестиции во подобрување на условите за детска игра и спорт, со фокус на создавање побезбедни, поквалитетни и функционални простори за граѓаните. Како дел од оваа политика, веќе е

Швајцарија почнува процес за обештетување без судење за жртвите од пожарот во Кран-Монтана

Швајцарската влада соопшти дека ќе се заложи за вонсудско решавање на случајот со трагичниот пожар во ски-центарот Кран-Монтана, во кој животот го загубија 41 лице, а околу 80 беа повредени, дел од

Се обновува историската „Алхамбра“ на Широк Сокак во Битола – изведувач е „Стентон Градба“

Во срцето на Битола, на Широк Сокак и во непосредна близина на плоштадот Магнолија, започна реконструкцијата на еден од најпрепознатливите и највпечатливи објекти од градското архитектонско наследство – познатата куќа „Алхамбра“. Според

Битола домаќин на подготовките на машката кугларска репрезентација пред Мундијалот

Во кугланата во спортската сала „Боро Чурлевски“ Битола, машката сениорска кугларска репрезентација ќе ги прави подготовките за Светското поединечно првенство во Швац, Австрија кое ќе се одржи од 30 мај до 6
Go toTop